Абе во право ќе да е Ате, јас до сега сите коли во гаража си ги чував и никогаш не се случило брисач да заструга на суво на прашина, на мраз и сл, секогаш на топличко колата си седеше па ми траеја со години брисачите.
И на Витаминот кога го имав 20 и кусур илјадарки поминав за година и пол и како нови бришеа брисачите без да остават никаква трага.
Сега со Пикапов, мислам на два месеца да ги менувам пак е џабе? Во двор ми стои само под стреа е покриен ама изгледа од температурни разлики, нечистотија, мрзнење, многу ладно многу жешко и сл, се абат одма.