Опел и дизел според многу сервисери не смее да одат во иста реченица! Освен за 1.9 CDTI моторот кој е мислам дека и најсилен од сите и им е нај отпорен на досадни дефекти. Конкретно пред пола година барав Аstra H и сите ми рекоа да бегам од овој модел дека има многу мани. Кумплунгот е на хидраулика а севкупниот систем не е многу квалитетен, па често се случува да пушти глицерин и да останеш заглвен во некоја брзина. Бензинците освен ова и климата немаат чести дефекти, а дизелите си влечат проблеми со електрониката на Bosch пумпата чија поправка може лесно да оди и до 400 евра.
Astra G т.е. постариот модел е многу по издржлив но со застарен дизајн, а од овој модел во предвид може да се земат само 1.4 и 1.6 twinport агрегатите.
Понеделникот поминав од Кореа ауто трејд/Хјундаи Македонија, имаат еден i30 со 1.6 CRDI мотор кој важи за доста квалитетен. Мислам дека имаше поминато накај 90.000. За буџетот со кој располате мислам дека добар избор би било хјундаито.
Во хипериум (Hypo alpe adria) има едно Сузуки SX4 урбана варијанта, мада сеуште не сум поминал да прашам за цена и да видам во која состојба е, иако секој ден го меркам и му се токмам никако да најдам време.
За 6000 јас би обратил и внимание на огласи од извршители и банки, пред 3 недели во комшии се приновија со Chevrolet Cruze 2.0 дизел за 5 и нешто.