Автор Тема: Golf 4 1.9 TDI Highline PD 85kw  (Прочитано 2568 пати)

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Golf 4 1.9 TDI Highline PD 85kw
« на: 08 Септември 2015, 15:27:57 pm »
После долго двоумење дали да го чувам или не вчера си го зедов од мајстор со направен сервис и 60к гаранција и останува во мојата гаража. Се работи за Голф 4 2000 година 1.9 TDI 85kw со 6 брзини.
Од опрема има:
Борд компјутер
Централна брава со аларм
ABS
ESP
ASR
Климатроник
4 воздушни перничиња
Волан подесив по висина и длабочина
Висински поседиви предни седишта
Recaro седишта
Напред и назад централни наслони за потпирање на раце
Бели лед светла во гепекот и во фиоката кај совозачот и лед диоди во кабината
Држач за чаши напред и назад
Електрични ретровизори кои се затвораат после заклучување на колата
4 електрични стакла

На колата е сменето:
Ребрас каиш, затегач и водна пумпа сет Contitek
ПК каиш и затегач на ПК каиш
Симеринг на декла и рамнење на декла
Дихтунг на капачка на моторот
Фланша за вода Birth
Дихтунг на тандем пумпа
Силиконски црева за вакумите за висок притисок
Две предни виљушки Лемфордер
Два стабилизатори лемфордер
Горни буфери на амортизери лемфордер
Гумици на заден трап лемфордер
Гумици на балансштрангла Birth со железа со грбка (нов тип)
Надворешен и внатрешен лев зглоб Vaico
Нови сајли за рачна кочница лево и десно
Нови дискови и плочки назад
4л антифриз G12
Нов термостат
2 JBL звучници двосистемски по 210w на предните врати и 2 двосистемски звучници по 160w на задните врати плус високотонци на сите четири врати фабрички

Гуми 16ки 215/55/R16 Michelin Primacy 3 XL 2013 година поставени на оригинал бандажи од Голф
Резервна гума 16 со оригинален бандаж и нова гума Pirelli.

Не возен такси со реални километри, сервисна книшка и гаранција на сервисот 60.000км или 3 години.
Потрошувачка на отворено се движи под 4л ако возите до 100км на час,
4.5-5л 120-130 па нагоре во зависност од стилот на возење.Во град 7-7.5л.

Попладнево ќе прикачам и слики

ЕДИТ:
Прикачени и сликите





















« Последно менување: 08 Септември 2015, 19:45:54 pm vgeshoski »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Golf 4 1.9 TDI Highline PD 85kw
« Одговори #1 на: 08 Септември 2015, 19:56:39 pm »
Одлично Голфче! Само извади ги веѓите од фаровите и ќе имаш тип-топ количе!