ситница е тоа друже.. ситница... и лесно се решава, само ај ти прво провери да не ти светат стоп светлата а не позицијата? значи застани позади некое стакло, во рикверц паркиран. и гледај во стаклото, илипак некој нека ти кажува... значи, стисни педла-кочница, пушти педала, и ек видиш дали ти работи.. после истата процедура направи ја со изгасен контакт...
инаку мислам дека ова што го кажуваш нема логика затоа што ако светат позади позициите, ке светат и напред позициите.. неможе само задните затоа што сепак, југо е тоа и на една жуца, од ист довод му е изведена инсталацијата и за предни и задни позиции...
а тоа за прекидачот да не ти се топи-гори толку често се решава со реле. се става реле да ги пали и гаси сијалиците, а прекидачот ке биде само за да ја активира шпунглата на релето кое троши струја помалку од една мала сијаличка за позиција... на тој начин и копчето и ракетата ке те надживеат... и не само тоа, туку ке можеш на југичот да му опнеш и по 100 ватни сијалици, ништо нема да се расипе...