Автор Тема: Зимски гуми на челични бандажи и без сензори за притисок  (Прочитано 2782 пати)

Отсутен miki002

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 67
    • Моето возило
Како што вели насловот, сакам да купам зимски гуми со челични бандажи, но да не ги префрлам сензорите за притисок од сегашните алуминиумски со летни гуми.

Прво - димензиите на гумите: моментално имам 205/55/R16, а во каталогот за колата стојат и 195/65/R15 како „фабрички“, на некои странски форуми велат дека било препорачливо потесни гуми за зимен период (освен возење низ длабок снег, не гледам друга предност).

Второ - сензорите за притисок: ако ги извадам комплет сите тркала и ги заменам со горенаведените, дали со притискање на (скриеното) копче set ќе го ресетирам TPMS системот на колата да мисли дека е ОК и да не ми свети индикаторот на таблата, или сепак морам да купам сензори кои чинат колку и гумите...

Ве молам за совет.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Држи се до препорачаната димензија.

Ако ти нуди две димензии за ист дијаметар тогаш можеш така, инаку не.

Што се однесува до сензорите, ако не прави проблем колата со бандажи без нив т.е. со ресетирање, не гледамќошто би се подложувал на дополнителен трошок. Верувам не е никаков проблем кога полниш гориво да провериш притисок.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Најчесто при купување на кола ти се дава избор од неколко димензии, на пример за мојата  беа 195/65 15, 205/55 16 и 225/45 17, така да кои и да ги ставиш ке немаш никаков проблем, освен промена во потрошувачката и комфортот.

Што се однесува за сензорите за притисок, немаш проблем да ги префрлиш од едните на другите бандажи, но имај на ум дека самото префрлување бара вадење на гумата, па не ми јасно тогаш зошто ти се дополнителни бандажи.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Може треба да има посебни лежишта за сензорите и да не можеш да ги ставиш на друг бандаж.

Подобро купи си половни сензори ако може да се наместат на бандажот, најисплатливо и нема да имаш губење многу време.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Ако не ти смета TPMS warning сијаличето на инструмент табла - терај со зимски без TMPS.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен miki002

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 67
    • Моето возило
Мислам дека ако сум доволно далеку (out of range) на сензорите и го притиснам копчето за сетирање, колата ќе мисли дека тоа сценарио е ОК и нема да свети ни индикаторот. На пролет пак летните гуми со сензори > контрола на притисок > сетирање = пак по старо. Секако ова морам да го тестирам најпрвин.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Искрено, не верувам дека ќе ти успее финтата... Сензорот мери апсолутен, а не диференцијален присок.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Ај да се надоврзам на муабетот, може ќе звучи глупо ама не се разбирам многу и би сакал некој да ми објасни.

Летните гуми ми идат со алуминиумските бандажи и лани кога ги менував гумите зимските гуми ги ставив на челични бандажи. Промената ми ја извршија во Олимпико и кога си ја земав колата ми светеше сијаличката за притисок во гумите. Извршив сетирање во бордот и не свети повеќе. Истото го правам при секоја проверка на притисокот во гумите.

Она што не ми е јасно е за тие сензори, т.е каде точно се наоѓаат? Дали тие се наоѓаат на самите бандажи или на друго место?
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг:
« Одговори #8 на: 03 Август 2015, 06:51:03 am »
Кaј ѕивaнaтa. Oд внaтре нa секoј бaндaш.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
кај vw и некои други, нема тпмс сензори, туку преку абс модулот детектираат издишаност на гумите. Веројатно таков систем има дибидус.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
И така имам сервис на 13-ти па ќе прашам во Порше и благовремено ќе ве обавестим.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
тенк ју друже Симо.
Brains are awesome. I wish everybody had one.