Секогаш забораваат да стават капаче за куката 
Него пре би одел на нешто вакво
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1646538
Вака на слики добро изгледа колата, е сега треба да се провери во каква состојба механичка е. Можни дефекти: турбина, замаец (ретко на овој модел затоа што немаат варијабилен замаец на тој со 115 коња почесто), дизни и пумпа за гориво (ова е најголемата болка на дизеливе од ова годиште и посебно на овој мотор, затоа предлагам фул дијагностика на секоја дизна посебно и на пумпата посебно, се прави за неколку часа, подвозјето е ептен издржливо дури и за нашиве колски патишта. Ако овие работи се добри тогаш имаш добра кола која поминува со еден резрвоар над 1000км.
Да се вмешам во муабетот, ова како за мене прашање. Пример еве да има нешто за менување од работиве кои ги наброја. Ако основата е здрава, колку отприлика би чинеле овие поправки (дел или сите што ги наброја)? Пошто тој трошок можеш да си го сметаш во цената на колата и за цена испод 4000 евра да имаш топ количе.
Голем сервис да направиш на колата (ремен, филтри, масло, рака) околу 7-8000 денари. Предница до сега не сум менувал, колата ја имам возено година ипол или 29000км претежно на отворено, скоро ја носев за проверка и не најдоа мана. Турбина (пу, пу) исто така немам и се надевам нема да имам потреба да менувам. Е сега пред неделе дена ја однесов на дијагностика за дизни и ткн. бош пумпа (која во овој случај не е бош туку е делфи или лукас, не ме фаќај за збор

Резултираше со промена со нови влошки делфи за сите 4 дизни (беа дотраени а не нагло оштетени од лоша нафта), пумпата се покажа добра на тестирањето. Значи 80 евра по дизна е цената за "репарација" на дизните која всушност не е репарација туку се менува делот кој дотрајува со нов и се добива и гаранција. На други коли може да се прави репарација ама таа трае подолго и е покомлицирана. Други проблеми фала богу до сега сум немал, пред се најмногу заради тоа што некако успеав да одберам ептен сочуван и одржуван примерок.