Автор Тема: Ауди а4 - "не прима"  (Прочитано 6820 пати)

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 348
Ауди а4 - "не прима"
« на: 28 Јуни 2015, 22:59:08 pm »
Здраво форумаши, нов сум на форумов и одма да се пожалам за проблемот што го имам.

Станува збор за ауди а4 (2002) 1.9 ТДИ

Вчера менував брзина од 2-ра во 3-та и нормално давам гас меѓутоа колата немаше никаква реакција, значи како воопшто да не сум стиснал гас дури после неколку секунди го осетив забрзувањето.
Денес ја возев едно 3-4км застанав на паркинг едно 10-на минути и ја запалив после 10-на секунди колава угасна. Ја стартував пак пробав да дадам гас колава не сакаше да слушне за движење тогаш приметив и стрелката на обртометарот како да рипа горе-доле и слушнав шкрипење од моторот како две нешта да се удираат меѓусебно, искрено се исплашив од звукот а и не сум по механика па ме фати и малце паника морам да признаам. Пак изгасна сама пак ја стартував овој пат исфрли малце повеќе црн чад од нормалното и колава тргна малце меѓутоа ептен имав стиснато гас, јас изгазив па пак пробав овој пат прими подобро меѓутоа реакцијата каснеше - пример стискам гас и после 3 секунди колава почнува да се движи. После тоа немав проблем. Ја однесов во маалски мајстор ја стави на компјутер не покажа никаква грешка.

Дали може овој проблем да биде предизвикан од возење на резерва т.е. да биде вшмукано ѓубрето од резервоарот, значи ептен немаше нафта, ама ова ми се случи пред 90км да ја оставам колата скоро без нафта.

Фала

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ауди а4 - "не прима"
« Одговори #1 на: 29 Јуни 2015, 00:39:33 am »
може и од тоа, а може и воздух да прима во системот за гориво. маалскиот мајсто не го провери тоа со воздухот?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 348
Одг: Ауди а4 - "не прима"
« Одговори #2 на: 29 Јуни 2015, 10:00:49 am »
може и од тоа, а може и воздух да прима во системот за гориво. маалскиот мајсто не го провери тоа со воздухот?
Не провери, најверојатно треба и мајстор да си сменам.
Филтер за воздух и нафта да сменам?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Ауди а4 - "не прима"
« Одговори #3 на: 29 Јуни 2015, 10:17:03 am »
....

Или имаш воздух во горивниот систем, или некаде ти диши од турбо-патиштата, а може и да е комбинација од двете.
На Ауди-то моторт е пумпа дизна, така да, никогаш никогаш не го вози на резерва/на празно. Затоа што, ако има воздух во системот за гориво, едниот цилиндар ќе има нафта, другиот воздух, па мисфајр, па ќе клопоти, и вибрациите ќе ги собира двомасниот замаец и ќе ги звучи како удар метал на метал.
 
Се разбира, ова е моја претпоставка по логика, никогаш не сум имал ФВ/Ауди дизел.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: Ауди а4 - "не прима"
« Одговори #4 на: 29 Јуни 2015, 10:42:47 am »
Мене ме чуди како не пријавило никаква грешка при скенирање на компјутер. Тоа обично го пријавува како богата или сиромашна смеса и секако ако имало misfire (не согорена смеса) казува во кој цилиндар се случило....

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ауди а4 - "не прима"
« Одговори #5 на: 29 Јуни 2015, 11:03:37 am »
може и од тоа, а може и воздух да прима во системот за гориво. маалскиот мајсто не го провери тоа со воздухот?
Не провери, најверојатно треба и мајстор да си сменам.
Филтер за воздух и нафта да сменам?

абе ако ти е време за мењавање, смени си, ама тоа нема да го реши проблемот што го имаш...

ѓубрето од резервоарот ке застане во филтерот. понатаму нема да направи проблем. сепак, иди кај друг мајстор, или иди кај истиот, натерај го да ги препровери сите споеви во системот за гориво. ако има стеги да ги престегне. има и постапка како да провериш дали влече воздух од нешто, само малку е по комплицирана, али се решава. на доводното црево од резервоар му се монтира пумпа и се крева притисок. онаму во системот кај што ке почне да капе нафта, таму всушност и влече воздух. само мајсториве више ги мрзи да бараат кај е проблемот. се научија да го брцнат кабелот од компјутерот и тој да им каже што е расипано. ако каже компјутерот дека нема расипано тогаш не ти е расипана колата бе. тоа што гуши, така треба да си гуши... свашта..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 348
Одг: Ауди а4 - "не прима"
« Одговори #6 на: 29 Јуни 2015, 11:04:31 am »
....

Или имаш воздух во горивниот систем, или некаде ти диши од турбо-патиштата, а може и да е комбинација од двете.
На Ауди-то моторт е пумпа дизна, така да, никогаш никогаш не го вози на резерва/на празно. Затоа што, ако има воздух во системот за гориво, едниот цилиндар ќе има нафта, другиот воздух, па мисфајр, па ќе клопоти, и вибрациите ќе ги собира двомасниот замаец и ќе ги звучи како удар метал на метал.
 
Се разбира, ова е моја претпоставка по логика, никогаш не сум имал ФВ/Ауди дизел.
По претпоставка дека ова е проблемот, што е решение?

Мене ме чуди како не пријавило никаква грешка при скенирање на компјутер. Тоа обично го пријавува како богата или сиромашна смеса и секако ако имало misfire (не согорена смеса) казува во кој цилиндар се случило....

Не покажа ништо, а и не светеше ниедно сијаличе на таблата во моментот кога се случи ова.

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 348
Одг: Ауди а4 - "не прима"
« Одговори #7 на: 29 Јуни 2015, 11:09:02 am »
може и од тоа, а може и воздух да прима во системот за гориво. маалскиот мајсто не го провери тоа со воздухот?
Не провери, најверојатно треба и мајстор да си сменам.
Филтер за воздух и нафта да сменам?

абе ако ти е време за мењавање, смени си, ама тоа нема да го реши проблемот што го имаш...

ѓубрето од резервоарот ке застане во филтерот. понатаму нема да направи проблем. сепак, иди кај друг мајстор, или иди кај истиот, натерај го да ги препровери сите споеви во системот за гориво. ако има стеги да ги престегне. има и постапка како да провериш дали влече воздух од нешто, само малку е по комплицирана, али се решава. на доводното црево од резервоар му се монтира пумпа и се крева притисок. онаму во системот кај што ке почне да капе нафта, таму всушност и влече воздух. само мајсториве више ги мрзи да бараат кај е проблемот. се научија да го брцнат кабелот од компјутерот и тој да им каже што е расипано. ако каже компјутерот дека нема расипано тогаш не ти е расипана колата бе. тоа што гуши, така треба да си гуши... свашта..

значи ова со ѓубрето само да сменам филтер, а и да си проверам да не прима воздух од друга страна. Ќе тркнам утре/задутре да видам што ќе каже а и на друг мајстор ќе ја однесам.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ауди а4 - "не прима"
« Одговори #8 на: 29 Јуни 2015, 11:15:51 am »
така е.. е сега има уште една работа за  проверка... педалата за гас каква е? механичк аили електронска? ако е електронска, може и тоа да ти прави проблем. ама тоа остави го за одпосле проверката на горивниот систем, доколку и после средувањето се повтори.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг:
« Одговори #9 на: 29 Јуни 2015, 15:41:47 pm »
Се извинувам што ке се замешам, но Онак како може да се провери тоа за гаста каква е?
Благодарам.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Ауди а4 - "не прима"
« Одговори #10 на: 29 Јуни 2015, 15:57:18 pm »
На самата папуча се гледа дали има конектор, а може и на интернет да побараш.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Ауди а4 - "не прима"
« Одговори #11 на: 29 Јуни 2015, 17:45:50 pm »
Mislam deka VW/Audi одамна имаат електронска. Иначе најлесно да провериш ...дали има сајла? :)

Ако има такво которче со сајла закачена тогаш ти е механичка. Не е rocket science.

Кога Golf 4 има електронска, сигурно и Аудиво има електронска со потенциометарче.

ЕДИТ: Тада


Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг:
« Одговори #12 на: 29 Јуни 2015, 18:10:24 pm »
Ви благодарам за инфото. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 348
Одг: Ауди а4 - "не прима"
« Одговори #13 на: 29 Јуни 2015, 19:47:07 pm »
така е.. е сега има уште една работа за  проверка... педалата за гас каква е? механичк аили електронска? ако е електронска, може и тоа да ти прави проблем. ама тоа остави го за одпосле проверката на горивниот систем, доколку и после средувањето се повтори.
деновиве ќе сменам филтри, фала онак.

Уште едно прашање не е поврзано со истово ауди ама со ист модел, во место кога се турира колата пример до кај 2-3-4000 обртаи и кога ќе падне на 800-900 во истиот момент се осеќаат мали вибрации дали е нормално ова?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ауди а4 - "не прима"
« Одговори #14 на: 30 Јуни 2015, 01:44:35 am »
и ако вибрациите ги има само дел од секунда и после се смирува, да ок е и ништо страшно, не се замарај... дизел е тоа.. јбг.. ама може да има закаснета реакција од степ моторче или регулатор за притисок на гориво... може и од веке појавена луфта на елементи од моторот ако има пројдено бајаги километри (ако е увезувана со враќана километража) итн итн...

Се извинувам што ке се замешам, но Онак како може да се провери тоа за гаста каква е?
Благодарам.
да не се повторувам, ти објаснија погоре истото што би го кажал... само те цитирам да не речеш овој не ме рецка ич..  :D ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време