Знам дека ретко кој ги чита од почеток темиве.Еве јас пак од почеток како мало подсетување што е керамичка заштита и кај се и кај кого се може да се добие таа услуга.Овде во оваа тема може да се запознаете за најновата технологија на новиот вид заштити на лакот за автомобили.Еве само еден мал вовед колку да се запознаете кои се бенефитите од ваков вид заштита.Единствено во Македонија овој вид заштита го работиме ние,а чест и привилегија да своите автомобили ги заштитат со последната технологија имаа и некои членови на нашиот форум.
На најдобар можен начин керамичката заштита ја зачувува вредноста и одличниот изглед на вашиот автомобил и во наредните години, имаме најновата технологија на заштита во automotiv областа - Gyeon,Cosmics,Gtechniq керамички облоги.
Заштитниот слој базиран на силициум-диоксид (SiO2) содржи најсовремена технологија за заштита на возилото што е досега развиена. Благодарение на специјални хемиски процеси, силикон формулата е адаптирана за да може да се примени на површината, а тоа е резултат со исклучителна цврста површина. Основна карактеристика на кварц заштитните слоеви е можноста за зголемување на нивото на цврстина до 9h. (оваа вредност припаѓа на Мохсова скала на цврстина), а исто така и зголемување на дебелината. Поради овие особини треба да се третира како уникатна формула и единствена со заштитен слој со дебелина од 1 микрон. Во зависност од бројот на слоеви, дебелината на заштита на кварцот може да се разликуваат 0,2-1,5 микрони.Најкритична е секако структурната поврзаност помеѓу нанесените слоевите. По испарување на растворувачот во составот на производот, слојот станува тврд и високо издржлив. Благодарение на дебелина на заштитниот слој, сите физички оштетувања како што се гребење или контаминација од светлината што се случува во текот на експлотација на возилото,па дури и измет од птици, нема да го допрат лакот.Овој вид на заштита е отпорен и на јаки киселини кои секојдневно ги среќаваме во некои детергенти и шампони каде што ги переме своите автомобили.Поради силната врска на заштитните молекули,речиси е невозможно да ослаби структурата на заштитата под влијание на надворешните фактори. Единствениот начин да се отстрани таков вид заштита бара примена на професионални абразиви и специјален алат и техника.
Детаилинг центарот на Auto Car Care-Prilep е сертифициран за ваков вид заштита од повеќе овластени производители и добавувачи на ваков вид заштита.