Ајде и јас да го пишам моето искуство со TE-EN:
Во петокот му поминав за да ја види колата и предложи да дојдам следниот ден за да стави керамика.
Речено - сторено, следниот ден дојдов. Веќе со "колегата" работеја на една кола, ја оставив мојата и отидов на шетња.
Кога се вратив фаровите беа еднаш исполирани, и имаше направено мини дидетјлинг во ентериерот - не чистење ко на перење кола него левел погоре (Бушав нема љутиш, супер се твоите дечки
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
. Чистење на издувите за вентилација итд, бидејќи знам каква беше внатре разликата беше очигледна.
После колата се переше двапати со пена, па се сушеше со крпи па со компресиран воздух, па ја прскаа со некакво средство па го гланцаа со микрофибер крпа. Такво детално перење до сега немав видено.
После следеше обезмастување на хаубата. После Полирање со Мензерна 4000 (ако добро се сеќавам - фина гранулација), па после со погруба Мензерна паста. Потоа фаровите пак беа полирани.
Потоа беше аплицирана керамиката - Gyeon Q2 MOHS, за која можам да кажам дека беше аплицирана во здрави количини - не се штедеше.
![](http://i.imgur.com/QEaGniJ.jpg)
![](http://i.imgur.com/JQZH6Hf.jpg)
Ова подоле како мрсно што изгледа - тоа е течноста.
![](http://i.imgur.com/gyz05yZ.jpg)
Потоа идеше пребришување со микрофибер крпа. После идеше сушење со индустриски фен.
![](http://i.imgur.com/Qrl22R4.jpg)
Потоа мислам дека идеше повторно пребришување со микрофибер крпа.
Морам да напоменам дека истиот процес беше направен и врз фаровите, после полирањето.
Конечниот резултат за мене е одличен, разлика се гледа од другите лимени делови до хаубата, а најизразен ефект има на фаровите кои се како искочени од фабрика.
Морам уште еднаш да му се заблагодарам на TE-EN за извршениот зафат, кој рака на срце кога видов колку е мачен и колку бара време, посветеност и чини 100 пати се истфкав што дојдов и што го изнамачив човекот и колегата негов (кој не беше искочен во сабота на пладне како секој млад човек со друштво туку вредно работеше без пауза).
Како благодарност TE-EN и компањерото ќе добијат нешто од мене, бидејќи ми е кејф.
Се на се, јас сум презадоволен од фер, коректниот и професионален однос на TE-EN кон мене и мојата кола, и најтопло го препорачувам за секој кој наумил да прави некој зафат, било дитејлинг или полирање. Сепак човекот ова професионално го работи ова (не, нема друга работа освен оваа) и истата ја работи хируршки прецизно.