Автор Тема: Трокорање при ладен прв старт  (Прочитано 1279 пати)

Отсутен jarec1983

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
Трокорање при ладен прв старт
« на: 01 Јуни 2015, 22:59:48 pm »
Почитувани форумџии имам прашање за вас поискусните и поинформираните, се работи за peugeot 307 1.4 16v 2007 со поминати скоро 70000, редовно сервисирана во овластен сервис. Имено секое утро при прво палење и тргнување се јавува некое трокирање на мотор кое трае 2-3 секунди, т.е при менување од прва во втора моторот како да губи снага и потоа одеднаш повлекува како да има воздух во системот за гориво. Ова се јавува само при прво тргнување т.е при ладен мотор. Ми беше сугерирано дека е до лошо гориво, меѓутоа со години полнам само на макпетрол. дали некој имал слично искуство или претстава што мозе да е проблемот.

Благодарам однапред за одговорите и помошта..

Отсутен pero sipino

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 220
Одг: Трокорање при ладен прв старт
« Одговори #1 на: 02 Јуни 2015, 00:24:07 am »
ако немаш сменето филтер за бензин смени го