Во wrc беа и субару и митсу, али си заминаа пошто секоја втора трка се откажуваа поради дефект. Инаку пред тоа Цитроен правеше партал на Дакар релито. Од последните 10 години во Ф1 рено моторите имаат одвоено 4 титули, колку имаат мерцедесовите?
Ти ова озбилно?? Производителите што малтене го редефинираа рели шампионатот, си заминале пошто секоја втора трка се откажувале поради дефект??
Многу, не, ПРЕМНОГУ фактори се во игра кога се одлучува некој производител дали ќе остане во некое натпреварување, или ќе се повлече од истото... SEAT и BMW се повлекоа од WTCC практично во истиот период, а го доминираа тој спорт... Honda се повлече од F1, поради тоа што си имаше причини за такво нешто, а не пошто се расипувале на секоја втора трка. Lancia беше алфа и омега во WRC, сеа не можеш ни со двоглед да ги бараш таму... Audi практично го воведоа погонот на сите тркала во WRC, сеа ни од нив нема ни трага ни глас на тоа поле.
А Французиве, според мене, се живи мутљаци што не знаат како да го искористат моментот... Peugeot 206 праеше лом во рели, Peugeot не направи ништо за да го искористи тоа... Citroen 8 години по ред праи крш во WRC, сеа дури им текна да извадат колку-толку „нервозен“ модел, што ќе биде аналоген на тркачот во WRC. Subaru и Mitsubishi многу попаметно изиграа во таа ситуација, правејќи ги WRX STI и EVO, кои како што знаеме, станаа култни возила.
Сори за чат-пат ОТ, ама убацуем Италијани и Французи, па пола ми се прашта
