ке мора на дијагностика да се закачи колата за да се провери, дали има некаква грешка снимена, па да се отклони тоа...
инаку.. на пунтовците од таа серија, чест проблем им е сензорот на радилица и се манифестира баш овака како што ти опишуваш... не е расипан туку фабрички е направен со краток кабел, и не трпи доволно вибрации откако ке се укрути, па го губи контактот или на горниот џек(ако го има, некои се без џек тука) или на долниот џек. локација на истиот, е кога ке отвориш хауба, на самиот мотор лево према тебе е, се гледа, видлив е и кабелот иде надоле и се приклучува на џекче само за него.. отвори го џекот, исчисти ги контактите убаво, пробај да му ја смениш патеката на кабелот, така што ке добие барем маалку “комоција“ и ке видиш дали ке се повторува ова или не.
пред да почнеш било што да правип, запали ја колата, крени рачна, во лер оставена, отвори хауба и тој кабел почни да го мрдаш лево десно, нагоре надоле... и ако изгаси моторот или затрокира, тогаш ете ти го одговорот.