Мало дополнување на првичната порака. При испораката на возилото, ми беа испорачани и неколку дополнителни делови кои може да се порачаат надвор од процесот на нарачка на возилото. Малку ми беше смешно што не се стандардно вклучени, особено имајќи ја предвид нивната индивидуална цена, но сепак...
Значи, три дополнителни Skoda Official Spare Parts делови:
1. Метален одморач за левата нога (dead foot pedal) да го замени пластичниот. Ова е стандардно на, да речеме, Seat Leon Cupra.
2. Сигурносни навртки за сите четири тркала.
3. Изолација на внатрешната страна на хаубата (ова е стандардно кај РС, но само кај дизел моделите. Изгледа сметаат дека на бензинецот не му треба. Мене ми се допаѓа повеќе со изолација затоа што хаубата помалку вибрира и не треска кога се затвора.
...и нема никогаш да им простам што не ставиле гасни подигачи на хаубата. Ама затоа ќе си купам aftermarket.
И покрај ова, еве уште еден дополнителен дел, кој можеби е и најважен - организација на музика, само за во автомобил. Форматот е FLAC, организацијата е по изведувачи и албуми:
...двете празни места се за картички кои веќе се сместени во двата SD слота на Columbus системот.