а дали си за нешто мааалку постаро.. kawaski zx6r во ПЕРВЕРЗНО ОДЛИЧНА состојба? само регистрација и акумулатор треба, јас би му сменил и масло и филтер, лежен е доста време, т.е .неки 3 години не е возен, али е пален редовно. овој сакав да го земам јас, уствари, овој сакав ПАК да го земам, затоа што беше мој, ама премногу краток период... гуми скоро нови, само што се завршува со комплетно фарбање на пластики, со сите корекции на гребаници дрн дрн дрн.. зелена металик, т.е. оригиналната зелена металик боја од мазда 2 (побарај по нет ке видиш која е). кавасаки нинџа 650 цц... околу 2 ке го даде.. т.е. подоле од тоа одприлика малку...
конкретно и точно овој, истиот, т.е. баш овој од оваа слика:
не дека беше лош, ама по некоја ситна гребаница лево десно имаше. погледни ја сликава и констатирај дека бојата не му е добра!! неможеш нели? е за него не беше добра. можеш да замислиш која пицајзла е... типов го дигна, расклопи сите пластики, ги дотера со филери милери и се што треба и денес само што го офарба и со лак пројде... вчера рамот му го офарба, т.е. сите видливи делови. машината му брои. виљушките пред 2 години ги репарираше комплет, со семеринзи итн итн, и нема пројдено ни 500 км од тогаш. ауспухот е нов, рачки мачки се е пиц пец на него... колку е чуван овој мотор појма немаш... кој ке го земе, очите ке му се наросат. уште не е ни огласен, рече дека во недела ке оформи цена конкретна, ама јас од прва рака ти кажувам дека ке иде подоле од 2. овој јас го имам кренато 270. врти на обртаи (верувал или не) до 14.500... тоа е за 2.000 обртаи поише од оној што сега го возам... и само заради тоа и сакав пак да го земам, али пусти финансии не ми дозволија... од 11.000 до 14.000 прав удар во гз имаш кога ке го натегнеш. и мање више ваков и тешко дека ке најдеш во толку добра состојба.
ако нешто ти значи, со електрична пумпа е за гориво... мене и ми значи, зашто токму заради таа пумпа може да крене на 14.500 обртаи. кога би бил со вакум како што е мојот, ке се мучи над 11.000 да сврти и на 12.500 ке застане... а и мнооогу штедлива машина при цивилизирано возење... на отоврено, вади просек нешто над 4 литри, ако се вози до 130/40... мојот неможам да го спуштам под 5,5 на отворено со нормално возење...
ако си пробал z750, знаеш какво возење има... кога ке го купиш овој, ке ти стане јасно зашто викам дека ке му се наросат очи на некого... а ако прашаш зашто јас не го задржав? затоа што сум 195 висок... малку е понизок за мене одошто треба, т.е. јас сум превисок за него... и ова е доооста под твојот лимит од буџет, а има потполно иста висина како 750-ката или сузукито 600-ка, а далеку по јак мотор е...