Автор Тема: Seat Altea,добар семеен автомобил?  (Прочитано 3476 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Seat Altea,добар семеен автомобил?
« на: 19 Април 2015, 12:04:23 pm »
Некако после ибицата,многу ми легнаа на срце сеатите,зашто имаат доверливи и добри мотори од VW групацијата,а сепак на лик (барем мене) ми се поубави од другите модели.Е сега,пошто си имав доста мака со подолги релации (2 метри сум),ми се уврте у глава Алтеата која би можела да биде следно семејно возило,и тоа половно (за нова кола не размислувам).Незнам дали некој на форум поседува алтеа,ама ако некој имал искуство со возилото,во било која изведба и мотор,нека сподели искуство.Мене ми личи на повисок леон,веројатно има поголем багажник,а дали внатре е покомотно не би знаел.Не мора да постирате линкови од огласи,сеуште е рано за купување кола,чисто си размислувам,и спремам терен за кога ќе треба,побрзо да се решам што би земал.Секако,во игра би било и шкода октавија,можда и опел астра,ама не ми се убави како алтеата да речеме :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Seat Altea,добар семеен автомобил?
« Одговори #1 на: 19 Април 2015, 12:22:47 pm »
Кај Алтеата проблем претставува багажникот како прва работа кој има само 409 литри простор. Тоа автоматски го исклучува од „семеен“ автомобил. Е сега имаш и Алтеа XL која е поголема и има 532 литри багажен простор и би можела некако да влезе во комбинација за „семеен“ автомобил. Некои од братските фирми на Сеат кои ги спомна нудат 550/570/620 литри.

Втора работа, која е повеќе субјективна, е поставеноста на задните седишта. Многу се високо поставени во однос на тежиштето на колата. Но, ако не седиш позади не е важно. Малку е чудна внатре. Не е стандарден хеч, треба да седнеш за да забележиш. Или ќе ти фати око или нема, не се објаснува.

Централната конзола кај сеат беше најслаба карика до овој сегашниов Леон кој е добар. Исто тоа треба сам да си видиш, бива-небива. Обраи внимание.

Другото мотор/мењач/куплунг си е врвно, тука нема промашај.