Здраво,
нов сум на форумов и видов дека овдека има вистински вљубеници во автомобилите и дечки кои доста добро ги познаваат возилата, па си реков дека го најдов правото место да прашам за совет.
Вака стои работата: Сакам да купам половен автомобил и подготвен сум да дадам добра пара со оглед што се работи за стара кола, односно околу 14.000-16.000. Со тие пари може да се купи доста солидна нова кола, но ете, некако сум решен и имам желба да земам нешто што не би можел да си го дозволам на ново, а тоа е Мерцедес Ц-Класа произведен некаде 2008-2010 година.
Е баш поради тоа барам мислење од вас за тој автомобил, дали е добар/лош, вреди ли за парите и се друго што ќе ви дојде на памет. Исто така, би сакал да знам дали вреди да се земе еден таков автомобил од Бугарија за едно 12.000 евра (тука некаде се движат) или таа опција би требало да ја исклучам од старт.
Ви благодарам многу.
Поздрав