Подолг педиод со клаберите се разговараше за тоа дали Philips или Osram. Јас секогаш бев на страната на Philips затоа што возев подолг период ги користев.
Деновиве дојдов до идеа да направам мал тест за да видам што е што.
Се работи за два бренда на сијалици Philips и Osram.
Philips Diamond Vision H4

Osram Night Breaker Plus H4

Дојдов до интересни заклучоци кои што не ги очекував. Osram испаѓа убедлив победник, а еве и зошто:
Светлосниот сноп што го има Osram е подобар од Philips. Philips за разлика од Osram има бела светлина но заради тоа што сојалицата е со сино стакло светлосниот сноп е пригушен и не дава доволна светлина на патот (на влежен коловоз ништо не се гледа). Светлосниот сноп е бел ама не осветлува доволно.
Еве како би изгледало тоа:


На наредната фотографии се гледа дека Осрамот дава повеќе светлина



А еве која е разликата во бојата
Лево е Филипсот а десно е Осрамот

Заклучокот е следен:
Доколку сакае да добиете квалитетно осветлување земете си Осрам, а доколку ве интересира естетика останува Филипсот.
И јас не сакам да ми светат жолти фаровите ама безбеднста ја ставам на прво место подобро добро осветлување одколку стилски сијалици и намалена видливост.