За Куманово и повеќе од јасно е зашто си гинат ...
Има голем број гастербајтерски деца, по 18-19 години, кои возат 1000-ка, мотор кој развива ненормално големи брзини за кратко време и кратка релција ...
Булеварот Октомвриска, по 02:00 часот наликува на Сузука ...
Секоја година тука за жал дава душа по некој .... Непишано правило, нема досега промашај ...
Летен период, Швајцарци колку сакаш... И за мене кој што живеам во Куманово е сложен еднонасочниот систем на улички, и едно негледање на знак кој ти покажува еднонасочна уличка, а веројатноста да не го видите е голема заради густината на објектите, и ако не те лупне некој, подолу сигурно те чекаат Жандари да ти опнат казна ...
Сега со наплатата на паркингот се очекува да се намалат истите, со оглед на тоа дека секоја уличка е поширока, многу ретко кој плаќа паркинг ...