Годинава Франкфурт ни донесе многу изненадувања. Во светот на тркачките автомобили, Audi го претстави својот нов автомобил наменет за DTM шампионатот...
По успешни 7 години употреба на основата од својот најпродаван модел, А4, господарот на прстените одлучи дека е време за промена и од следната сезона ќе настапува со Audi A5 Coupe моделот.
Кодираното име на новата генерација DTM тркачки автомобили е R17. Сигурни сме дека R17 ќе ја продолжи богатата традиција на претходникот, кој освои 4 шампионата од последните 7 во DTM. На А5 DTM моделот не се штедело- каросеријата е целосно изработена од јаглеродни влакна, во иновативна monocoque-carbon fiber комбинација и челични заштитни решетки.
DTM A5 е долг 5,01м, широк 1,95м, а висок само 1,15м. Меѓуоскиното растојание е по стандардите на DTM - 2750мм. Шестбрзинскиот менувач во новата сезона ќе донесе зголемена прецизност и далеку подолг животен век- 24.000км. Во Audi R8 LMS тркачките автомобили се користат електрични елемент од Bosch, а така е и тука. Резервоарот за гориво е 120 литри и овозможува да се вози цела трка без дотурање на гориво.
Според ноовите DTM стандарди, тркачката каросерија не смее да има аеродинамични додатоци, од каде што тркачкиот модел е визуелно многу сличен на серискиот, а со тоа дополнително се намалува чувствителноста на возилото која е многу важна во DTM шампионатот, каде многу често има контакт помеѓу натпреварувачките возила.
By
rikirulz at 2011-09-28
By
RikiRulz at 2011-09-28
By
rikirulz at 2011-09-28
By
rikirulz at 2011-09-28
By
rikirulz at 2011-09-28
By
rikirulz at 2011-09-28