@Boki 9n Не ми ја расипувај одма темата, мала шала додека ги стокмам сликите не штети
@DENDE-LANCERED Ти благодарам, за жал не е купе, ама многу е поголем меракот кога нешто сам ке сработиш
Пежо 406, 1.9TD, 66KW, 1998 година,
Од опрема има:
- АБС
- Аирбег х2
- Серво волан
- Клима
- Електрика на прозори
- Електрика на ретровизори
- Кинеско радивце со USB, AUX, SDcard
Колата ја земавме во очајна состојба, максимално несредена и со кило пепел од цигари внатре. Од ентериерот не остана ништо, се сменивме до последна пластика. Начекавме една одлична 406ка во Стенковец и од неа извадивме се.
Сменети се сите пластики како што реков, преден и заден теписон, седишта предни задни, шал табла, конзолата што доаѓа кај рачната и менувачот, тапацири на вратите, даската која доаѓа позади задните седишта, тапацири во багажник, сите кедери и гуми и сл. На неа остана само стариот волан, кровот и сигурносните појаси, дури и рачната морав да ја сменам.
Ставени нови сијалички секаде, внатре, позиција и табличка - лед, нови осигурувачи, дел од инсталацијата е со нови жили/жички, нови ракети (иако и старите работа беа излитени).
Сменети се и некои ситници како моторче за прскалки, брисачи и сл. не можам на се да се сетам..
Исто така се сменети сите брави (на возачкото не ни имаше цилиндар), централната и далечинското не работа и нив ги поправив.
Колата тие пред нас ја возеле без филтер за полен, па замислете што беше внатре и колку прашина извадив и пребришав.
Пред 1000км ставени се и нови летни гуми континентал, ново масло и сите филтри.
Сликите се сликани со мобилен, со лош квалитет се, а и не е се опфатено ама се гледа од прилика што се работело.
Највеќе ме измачи предниот теписон, пикнат е под системот за вентилација па тука се скинаа многу нерви, се сецна некое прсте, се скрши по нешто од нервоза и така..
Сега колата изгледа вака:
Пред ден два најдов едно алуминиумско украсче за ауспух, па и тоа е сменето:
Дел од стариот ентериер удобно искористен:
ПС: Старите слики се од лани некаде ова време, значи колата кај нас е година дена.