Автор Тема: Алат кој би сакале да го имате  (Прочитано 187783 пати)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2194
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #630 на: 29 Декември 2021, 14:31:15 pm »
Да ги претставам некои од алатите кои ги поседувам,се користат аматерски,некои од нив се за професионална работа некои се аматерски.Некои од нив ги имам по неколку години,некои од нив недела две.

Аголната мала брусилка Black&Decker со моќност од 710вати и диск од 115мм е купена пред повеќе од 10 години и ме служе одлично,купена беше во пакет со мала ударна дупчалка која се расипа,купена уште една иста ударна дупчалка и таа пред година време откажа.Големата аголна бруска е нова,од пред недела две ја имам и е со моќност од 2400вати,мек старт и диск од 230мм, сеуште немам еден камен истрошено но е одлична.



Апаратот за заварување е Инкго,го имам година ми се чини и е со моќност од 200А и е за индустриска намена според производителот.Кога го зедов немав искуство со инвертер апарат за заварување,со него стекнав некое искуство,до сега имам 3-4кг електроди истрошено и сега за сега е супер.Електрода од 2.5мм ја варам на некои си 65-80А.
Маската е аматерска, немаше на Инкго па ја зедов на Тотал (демек исти биле),добра е за аматерска работа.
Со пиштолчето за фарбање имам околу 1-1.5л боја истрошено,си ја брка работата за која е наменето,немам замерки.
Рачниот циркулар го зедов пред некоја ден,го имам пробано само на една иверка,ми делува одлично.Мајсторите кои му ја градат куќата на соседот го имаат истото,секојдневно го користат и се задоволни од истото.



Комбинираната Бош 2-28 F дупчалка која има три функции,бушење со вибрации,бушење без вибрации и кршењe e со моќност од 880вати,со два заменливи футери,има некоја Vibration control и Rotation control Cluch опција, ја имам неколку години и сум презадоволен.Го имам квалитетно користено,кога го реновирав тоалетот старите плочки ги извадив со неа,низ дворот кршев дел од бетонска ограда и што уште не одличен квалитет.Баш кога го нарачував од Германија барав да биде со ознака F колку што читав тогаш мислам дека е повеќе хеви дјути од моделот кој ја нема F.



Од страна на рачен алат имам од се по нешто,Униор,Екстол,Парксајд,Книпекс,една гарнитуричка Proxxon и што уште не.Малку ми се не средени алатите,работам на едно проектче кое ќе го откријам кога ќе го завршам во темата Мајстории по дома.





Е сега да пишам што моментално ми фале од страна на алат,а тоа е орбитална екцентрична брусилка,така ми се чини се нарекува.
Барав на Инкго но немаа на лагер кај соседот,тој ми ги продава алатите на Инкго по убава цена, а и не знаат кога ќе ја имаат.Ја имаа на Тотал(демек исти биле) но сакам на Инкго да биде.
Моќност 450 W
ВРТЕЖИ: 4000-13000rpm
ПОТЕНЦИОМЕТАР
ГОЛЕМИНА НА ДРЖАЧОТ ЗА
ШМИРГЛА 150mm



Дали некој има искуство со Ferm i Graphite алати,односно за овие.

Graphite 59G347, 430 W,од 5.000 до 13.000 врт/мин, две заменливи лежишта за брусна хартија: со дијаметар од 125 и од 150мм,цена од околу 55е и 3 год. гаранција.



FERM 430W ESM1010  50е и 2 год. гаранција.

Моќност                                             430W
Брз.празен од            5.000-13.000/min.
Дијаметар                                       125mm









Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #631 на: 29 Декември 2021, 14:50:31 pm »
За ингко алати, ѕвони во ефтинија импекс. (качанички/визбегово, Скопје). Они се увозници и се имаат од ингко.
Татко ми има иста ваква ингко, добра е, тера работа.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5357
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #632 на: 29 Декември 2021, 14:53:09 pm »
Не дека немам друга, ама оваа од 70тите од татко ми вчера ја чистев и маст и ставив. Може 45 години е стара никаква луфта или дефект, ниту пак имаше некој оштетувања на зупчаници. Нема ниту лагери се на пиксна е, квичеше во последно почнав на менгеме со кружна шмиргла да ја користам за стружење, малце маст, чистење ротор и четкици и еве побезшумна е него парксајдот :)
Made in England
Пре ова би купил по бувљаци него нова фушарија
« Последно менување: 29 Декември 2021, 14:59:37 pm vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #633 на: 29 Декември 2021, 15:00:14 pm »
Истиов тип, ѓи има на канта пазар. По 500 денари се. А за 1000ка, купуваш искра црвена, од југославија, и имаш семејно наследство.  :)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2194
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #634 на: 29 Декември 2021, 15:06:05 pm »
За ингко алати, ѕвони во ефтинија импекс. (качанички/визбегово, Скопје). Они се увозници и се имаат од ингко.
Татко ми има иста ваква ингко, добра е, тера работа.

Железарата од каде ги земав Ингко алатите зема од Ефтинија ,вчера бил во таму по роба и ја немале на залиха.Сосед ми е газдата,куќа до куќа живееме.Од bois.com.mk со неколку стотки поефтино ми ги продава алатите и не е згодно да не земам од кај него.
Graphite бил полски бренд и таму и се произведувале тие алати.
FERM Холандски бил бренд.

И за двата бренда читав добри критики.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6286
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #635 на: 05 Јануари 2022, 13:51:40 pm »
Сакам да си купам бормашина за колку да не позајмувам за да дупнам некоја дупка во ѕид од тула, блок, цемент, макс со 10-ка бургија.
Дали има голема разлика од 800 и 1100вати? Инкото е со метално „чело“ или општо „појаките“ такви се сите. Нема bpm инкото.

Не сум врзан за овие марки, ама не ми се даваат пари за Макити, Бошој и слично за 10 дупки годишно. Кинезаријата ми брка солидна работа, а и не ми се даваат пари за појака каде за 5 дупки со послаба 4 ќе дупнам.
Рониксот би го зел пошто има куфер, да не седи исфрлен гол, 99% од времето. Имам и Makspuls, Raider, Bormann, Ferm, Matrix од брендови, по локални продавници.




Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #636 на: 05 Јануари 2022, 13:55:50 pm »
Ингкото има 300вати повеќе од рониксот. Подобро да имаш екстра моќ, отколку пластична кутија. Разгледај и ферм, клаберот над тебе прочитал добри "критики" .
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2194
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #637 на: 05 Јануари 2022, 15:03:49 pm »
@Power to the people

Јас по би одел на оваа варијанта,имаш три функции а со еден адаптер од СДС плус на обичен футер можеш да користиш и обични бургии.
Да не зоруваме за ударната моќ на овој модел во споредба со тој погоре при дупење во ѕид.

И да не те залажува моќноста од 650вати,не е слаб,има пренос и помал број на вртежи но има далеку повеќе вртежен момент.А доаѓа и со куферче и три бургии.

Или ако можеш да си го дозволиш и појакиот модел со 800 вати за 1000ден плус.



Колку за инфо,имам пишано за Бош GBH 2-28 F (го имам претставено погоре)кој го имам од овој тип,има 880 вати ама ако ја нема таа  функцијата која  го блокира вртењето рацете ќе ти ги сокрше кога ќе заглави бургијата,а е само 880вати.

Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10267
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #638 на: 06 Јануари 2022, 01:23:01 am »
Цитат
Јас по би одел на оваа варијанта,имаш три функции а со еден адаптер од СДС плус на обичен футер можеш да користиш и обични бургии.
А од ВМРО имат адаптер?
За во бетон мораш да имаш ударна, инаку и 50kW да е џабе, а ако е ударна и 300w да е, поспоро, ама ќе завршиш работа. И не тие што пиштат кога ќе ги свртиш на удар, него тие што лупаат. т.е. ваљда ова „ударен ротирачки чекич“ е тоа.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2194
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #639 на: 06 Јануари 2022, 02:38:31 am »
Од ДУИ има специјален адаптер ако сакаш можам да ти средам?

 Добро е кога мислењето и советот ќе се каже со други зборови.
« Последно менување: 06 Јануари 2022, 03:26:46 am AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #640 на: 06 Јануари 2022, 10:15:18 am »
Јас ја имам таа од Парк сајд 1050 вати, мислам беше 40е со футер адаптер на сдс+, 2 длета и 3 бургии за бетон. Има опции само чекан, чекан и ротирање, само ротирање. Можност за подесување на брзини и круг ма ротација. Тоа што е главата на сдс+ стандард е мн подобро за кршење/дупчење бетон.
За домашна употреба и нешто плус, повеќе од доволна.
Така да, ако членот бара нешто за во бетон, мора да има опција за ударна и ротација.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10267
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #641 на: 06 Јануари 2022, 11:59:09 am »
Од ДУИ има специјален адаптер ако сакаш можам да ти средам?

 Добро е кога мислењето и советот ќе се каже со други зборови.
може, кај што не бушат овие другиве, тој буши :D

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6286
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #642 на: 06 Јануари 2022, 12:24:06 pm »
Јас ја имам таа од Парк сајд 1050 вати, мислам беше 40е со футер адаптер на сдс+, 2 длета и 3 бургии за бетон. Има опции само чекан, чекан и ротирање, само ротирање. Можност за подесување на брзини и круг ма ротација. Тоа што е главата на сдс+ стандард е мн подобро за кршење/дупчење бетон.
За домашна употреба и нешто плус, повеќе од доволна.
Така да, ако членот бара нешто за во бетон, мора да има опција за ударна и ротација.

Да не беше 60евра? Имам од блиска фамилија од две места да позајмам таква, па трета не ни треба така да стои, затоа не ми се даваат пари, за поголема работа имам од каде да позајмам.

Ќе одам со некоја поефтина до 2000ден за обични бургии оти и такви имам, SDS да не купувам. Ќе разгледам па ако се изгорам ќе ви кажам.  ;D

Ferm поскапи биле, нема да се оди на таква.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10267
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #643 на: 06 Јануари 2022, 12:48:47 pm »
Могуќноста на бормашината да има и удар ти треба, џабе ти е адаптерот.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #644 на: 06 Јануари 2022, 13:10:46 pm »
Јас ја имам таа од Парк сајд 1050 вати, мислам беше 40е со футер адаптер на сдс+, 2 длета и 3 бургии за бетон. Има опции само чекан, чекан и ротирање, само ротирање. Можност за подесување на брзини и круг ма ротација. Тоа што е главата на сдс+ стандард е мн подобро за кршење/дупчење бетон.
За домашна употреба и нешто плус, повеќе од доволна.
Така да, ако членот бара нешто за во бетон, мора да има опција за ударна и ротација.

Да не беше 60евра? Имам од блиска фамилија од две места да позајмам таква, па трета не ни треба така да стои, затоа не ми се даваат пари, за поголема работа имам од каде да позајмам.

Ќе одам со некоја поефтина до 2000ден за обични бургии оти и такви имам, SDS да не купувам. Ќе разгледам па ако се изгорам ќе ви кажам.  ;D

Ferm поскапи биле, нема да се оди на таква.

Тоа ти пишувам, за дрво метал имаш адаптер футер, на него се ставаат обични бургии. Само за бетон, штемување мора да се користи сдс+. Реално тие се по 150 ден Макита, обични, не некои долги и сл. Ти требаат најмногу 3,едн 6,8,10.
Оваа има сила на удар од скоро 3 џули што за нормална употреба е сосема доволна.