Нашол Трпе една многу стара ламба, сакал малку да ја зачисте со ракавот о од ламбата излегол дух.
---- Јас сум добриот дух, и ќе ти исполнам три желби -- рекол духот.
Се замислил Трпе малку па му вика:
---- Тури ми ти една дупла ракија, и за тебе тури си една па после ќе видиме.
Поседиле пола саат, ги испиле ракиите, и духот му вика:
---- Кажи ја сега втората желба.
---- Ај тури ти уште по една дупла да си поседиме па ќе видиме за третата.
Поседиле уште пола саат, ги испиле и тиа ракии и духот му вика:
---- Ај Трпе последната желба.
---- Последната нека биде..... ај уште по една дупла, шо убаво ни тргна.
---- Море Трпе, ваа е последна, нели сакаш богатство, жени убави, мир у светот на пример.
---- Турај по една каа ти викам.
После пола саат, чашите се празни, седат двајцата и духот вика:
---- Трпе, ако сакаш и четврта желба ќе ти исполнам?