Во некое мало место во Македонија дошол познат светски авантуриста, шо се качува по високи згради, скока банџи од опасни места ширум Светот итн. Слушнал за некое опасно место во Македонија, карпа над провалија од која до сега никој не скокнал. Измерил - премерил, отишол во локална продавница, зел точно 41,5 метри јаже се врзал, ги пуштил камерите и пред населението, скокнал, паѓа, паѓа, жени пиштат деца плачат и таман на пола метро од карпите долу, јажето се оптегнало и тој застанал точно над земјата... Сите воодушевени и среќни му аплудирале.
Следниот ден најголемиот мангуп од место вели - Ако може тој ,можам и јас... Отишол и тој во истата продавница, купил и тој 41,5 метри јаже, се врзал, и пред собран народ скокнал, и се утепал на лице место.
Го составиле како од киндер јајце, го погребале и сега полицијата прави увид, и меѓу друго одат во продавницата од каде е купено јажето:
“Некни дојде еден странец и купи 41,5 метри од ова дебелото, следниот ден дојде Мите покојниот и тој побара 41,5 метри од истото јаже, али му измерив 45 ... втор брачед ми е, наш чоек, многу фино дете...“
