Перо оди на доктор да му се изврши хируршки зафат на слепото црево. Докторот му вели:
- Сакаш анестезија која се плаќа на приватно или анестезија која ја покрива фондот за здравство?
- Анестезија што ја покрива фондот за здравство, се разбира!
- Во ред...нани нани бебенце, надвор пее...
После хируршкиот зафат и освестувањето од анестезијата (од фондот

), докторот го прашува Перо како се чувствува:
- Абе докторе, немам гајле јас, за два-три дена ко нов ќе сум, ама жеништето бе дкторе, жеништето ми е ептен за нигде, мрдната е!
- Оти бе Перо мрдната?
- Абе како оти, дома чува мачки, кучки...смрди корни...
- Е добро бе Перо, ќе отвориш џам и ќе се излуфтира...
- Јааааааааааа, па да ми избегаат гулабите!
Некој месец после операцијата, Перо оди кај докторот:
- Докторе, абе сеа нешо овде ме боли, црнио џигер тука не е?
- Да да Перо, таму се наоѓа црнио џигер. Ракија пијаш?
- Пијам докторе, ама не помага, пак боли...
- Перо, абе дали ти реков да ја намалиш ракијата!
- Абе ја намалив докторе, во тубата од 30 литри, уште 3 литри ракија ако остана...
Сите ликови, имиња и настани се измислени и било каква сличност со вистински ликови, имиња или настани е случајна и ненамерна
