* Пушиш?
- Да.
* Колку дневно?
- Три кутии!
* Колку пари е една?
- 80 денари
* И колку години пушиш?
- 15 години.
* Значи ако една кутија те чини 80 денари, а ти пушиш три дневно, што значи месечно на цигари трошиш околу 7.500 денари. За една година тоа би било околу 90.000 денари, така?
- Така.
* Ако годишно трошиш 90.000 денари, за 15 години си потрошил околу 1.400.000 денари.
- Така е..
* Да не си пушел тие 15 години и да си ги собирал парите на девизна сметка, заедно со каматата од тие 15 години сега ќе можеше да си купиш Ферари!
...
- Ти пушиш?
* Не!
- Па кај ти е Ферарито?