Автор Тема: Вицови & Смешки  (Прочитано 1062170 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2670 на: 13 Ноември 2012, 16:23:52 pm »
Банкар - човек кој ти дава чадор кога грее сонце а ти бара да му го вратиш кога врне  ;D

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2671 на: 13 Ноември 2012, 16:45:54 pm »
Дали знаете која е разликата помеѓу гумите Good Year и 500 употребени кондоми во една година?

Good Year си е Good Year, а 500 употребени кондоми се Very Good Year!


ПРИЈАТЕЛ: Личност од машки пол која го поседува "она нешто" заради кое никогаш нема да посакаш да одиш в кревет со него.

ПРИЈАТЕЛКА: Личност од женски пол која го поседува "она нешто" од кое веднаш ти доаѓа желба да ја одведеш в кревет

ЉУБОВ: Збор од пет букви, две самогласки, три согласки и два идиоти

АРХИТЕКТ: Тип кој не е доволно мачо за да стане инженер, а не е доволно педер да стане декоратер

АВТОРИТЕТ: Оној кој ќе дојде после кавгата и ќе ги натепа ранетите

ТАНЦ: Вертикален израз на хоризонталните желби

ФУДБАЛ: Оној за кого сите жени се мажат, а тоа и да не го знаат

КОНСУЛТАНТ: Оној кој ќе ти го извади саатот од раката, ќе ти каже колку е саатот и за тоа уште и ќе ти наплати

ДИПЛОМАТ: Оној кој ти вели да одиш на „она место“ на таков начин така да едвај чекаш да тргнеш на пат

ЕКОНОМИСТ: Експерт кој утре ќе ти каже зошто она што го предвидел вчера не се случило денес

ВЕЧНОСТ: Времето од кога ќе свршиш па се додека не ја испратиш дома

ЛЕСНА: Се вели за жена која има сексуален морал на маж

КВАНТЕН ФИЗИЧАР: Слеп човек кој во темна соба бара црна мачка… а таа воопшто и не е во собата

ХАРДВЕР: Дел од компјутерот кој трпи удари кога ќе се расипе софтверот

НЕСТРПЛИВОСТ: Чекање со брзање

РАЗОЧАРУВАЊЕ:
Кога човек со ерекција оди спрема ѕид… а првата работа со која ќе го допре ѕидот е носот

РАМНОДУШНОСТ: Однесување на жена спрема маж кој не ја интересира, протолкувано од негова страна како „се прави светица“

ИНФЛАЦИЈА: Кога живееш плаќајќи ги трошоците за следната година со платата од минатата година

ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ: Личност од машки пол која е во состојба да мисли повеќе од два саати на иста работа, а тоа да не е секс

INTER-VIEW: Поглед меѓу нозете на интервјуираната

ТИМСКА РАБОТА: Можност вината да ја префрлиш на други

ЈАЗИК: Сексуален орган кој некои дегенерици го користат како говорен орган

ГЛАВОБОЛКА: Најчесто користено женско контрацепционо средство

МОНОГАМИСТ: Воздржан полигамист

НАНОСЕКУНДА: Делче од времето од мигот кога ќе се запали зеленото светло на семафорот до мигот кога оној зад тебе ќе почне да свири

НИМФОМАНКА: Термин кој мажот го користи за жена која од него бара малку почесто да водат љубов

ПЕСИМИСТ: Оптимист со искуство

ПРОГРАМЕР: Оној кој на неверојатен начин го решава проблемот за кој не си ни знаел дека го имаш

ПСИХОЛОГ: Оној кој ги посматра другите додека убава жена влегува во просторијата

СТАТИСТИЧАР: Оној кој е многу вешт со броевите, но нема доволно креативност за да стане инженер

УРОЛОГ: Лекар кој ти ГО гледа со презир, ти ГО гиба со гадење, а на крајот и ќе ти наплати како да ти го задоволил

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2672 на: 13 Ноември 2012, 16:50:31 pm »
АРХИТЕКТ: Тип кој не е доволно мачо за да стане инженер, а не е доволно педер да стане декоратер

НЕСТРПЛИВОСТ: Чекање со брзање

РАЗОЧАРУВАЊЕ:
Кога човек со ерекција оди спрема ѕид… а првата работа со која ќе го допре ѕидот е носот

INTER-VIEW: Поглед меѓу нозете на интервјуираната

ГЛАВОБОЛКА: Најчесто користено женско контрацепционо средство

МОНОГАМИСТ: Воздржан полигамист


А-хахаха

Отсутен Untak

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 305
  • sLowRider
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2673 на: 13 Ноември 2012, 17:11:00 pm »
Тест возење пред да се купи за чварки.. :D

Not a valid youtube URL

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2674 на: 14 Ноември 2012, 17:45:39 pm »
 Се шета наркоман во парк и гледа две убави девојки и им вика:
- Кај сте лепотици
- Ние не сме лепотици
- Па не сте ни КАЈ СТЕ  ;D ;D ;D
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2675 на: 14 Ноември 2012, 18:20:39 pm »
Трпана оди на доктор и му вика:
- Докторе за мојава килажа, колку треба да сум висока?
- Па едно 4 ипол метра.
- Ете, им викам јас ниска сум, а тие запнале дебела па дебела!


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2676 на: 14 Ноември 2012, 19:57:33 pm »
Паднал Грујо и си ја удрил раката.
Бил на болница и докторот му рекол:

Докторот: Аууу ова е скрешена, ќе мора во гипс да ја ставиме.
Грујо: Гипс? Каков гипс бре, ставај мермер!

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2677 на: 14 Ноември 2012, 20:42:48 pm »
Две охриѓанки глумат србинки во Охрид на плажа, едната вели:
- Јелена, доџи да се купамо…
Другата:
- Не могу ма, ме дупеТ камењава.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2678 на: 14 Ноември 2012, 23:43:22 pm »
Се договориле Дончо и Донка кога ќе им се посака такво да се договараат со шифра за да неможат децата да ги разберат. Шифрата им била банка.
И така му се присакало на Дончо и и вика на жена му:
-Донке банката отворена ли е?
-Не Дончо, не е.
Поминало некое време и Дончо пак:
-Донке мори се отвори банката?
-Не бе Дончо, уште не се отвори.
По некое време и се посакало и на Донка и вели:
-Дончоооо! Се отвори банката!
-Е се отвори Донке,се отвори, ама курсот на падна.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2679 на: 15 Ноември 2012, 01:29:30 am »
Излегла жената од салон за убавина.
Ја гледа мажот и вели : „Ајде,барем се обиде“!

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2680 на: 15 Ноември 2012, 04:05:41 am »
Плавуша се јавува на аеродром.
- Добар ден, колку трае летот до Лондон?
- Само момент...
- Фала многу , пријатно.



Си биле две плавуши,виделе автобус на два спрата.
Се качиле на долниот спрат и прашале...
-А онај горе за кај оди ???

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2681 на: 16 Ноември 2012, 02:00:05 am »
Камионџија пришол на некоја проститутка и ја запрашал:
- Што би правела за 50 евра?
Проститутката:
- За 50 евра би направила сè!
Камионџијата:
- Епа, ај дојди да го растовариш шлеперов.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2682 на: 16 Ноември 2012, 10:54:20 am »
Доаѓа студент на предавањe, бара слободно место и седнува до професорот.
Професорот надмено вели:
- Птиците и свињите не седат заедно.
- Во ред, тогаш јас ќе одлетам. – се преместил студентот.
Професорот се изнервирал и решил да го бутне на испит.
Доаѓа време за полагање. Студентот оди и одговара за десетка. Професорот му поставува последно трик-прашање:
- Одиш по улица и гледаш две торби, во едната има памет, а во другата пари. Која торба ќе ја земеш?
- Со парите, професоре.
- Јас, пак, би го зел паметот. – остро рекол професорот.
- На кого што му фали, тоа ќе си земе. – му одговорил студентот.
- Во просторијава има еден голем идиот! – свикал професорот.
- Но, добро е што барем си признавате. – одговорил студентот полн со разбирање.
Професорот нервозно го зел индексот и во него напишал само ГОВЕДО.
Студентот го земал индексот и излегол. После една минута се вратил и мирно рекол:
- Извинете професоре, овде само сте се потпишале ама не сте ми ставиле оцена.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2683 на: 18 Ноември 2012, 17:15:39 pm »
Стоеле група дебили пред компјутер и зјапале у скринсејверот, дошол Перо, стиснал ентер и почнале сите- ПЕРО ХАКЕР,ПЕРО ХАКЕР...

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16757
  • Keep it 100
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #2684 на: 19 Ноември 2012, 02:01:04 am »
Во Зоолошка денес се роди бебе морж. Чомовски го негира татковството и бара днк тест!