Се пријавува млад дечко Македонец, тукушто доселен во Америка на конкурс за продавач.
Оди кај менаџерот, пробаат да поразговараат и менаџеров му вика...дечки не знаеш ни баш најдобро англиски, немаш никакво искутво, многу си млад и плукаш кога зборуваш...тешко да те примиме на работа.
Дечково...Ама јас сум многу убедителен господине, еве земете ме на проба една недела ако не ме бива не ме примајте.
Гледа менаџеров следниот ден малиов се врткa околу еден муштерија едно два саати и на крај одат на каса и со еден куп ствари и сметка од 100.000 долари за плаќање.
Одма менаџеров го повикал дечково горе во канцеларија да праша како успеал да го убеди муштеријата да потроши толку многу пари?
Мали, ајде кажува по ред што напраи со човеков, пола супермаркет го купи?
Па видeете господине, прво зема трска за по риба, па јас му викам имаш ли ситен прибор, јадичиња, тапи, влакно ова она,...? Не немам...па како ќе ловиш риби без тоа.....Ок вика, ај да земам.
А рибите во што ќе ги ставаш ? Ајде му продадов и мрежа.
А чизми имаш ли ? Не немам ! Ајде и чизми зеде.
Ами капа са сонце ако пече многу? Еми дај ми и капа...!
Ами ако останеш на ноќен риболов, комарци ќе те изедат...значи ти треба шатор. Дај и шатор ајде.
Ами навечер нели камп ќе имаш, ти треба лампа, ти треба скариче, дудуле за воа, кревет за спиење, вреќица? Ами дај и тоа.
Ами ако не јаде рибата од брег како ќе ловиш? Со чамец ќе треба изгледа? А чамец имаш ли ? Не немам ! Епа дај да земам и чамец.
А чамецот со шо ќе го влечеш...? Приколица имаш ли? Немам бе од кај приколица !? Епа како со чамец по риба без прикјолица? Ај дај и проколица ќе земам тогаш.
Шо кола возиш? Југо 45! Ами како ќе ја влечеш приколицава со волкав чамец на неа....? Ти треба и подобра кола, некој џип со погон на сите тркла. Имате ли такви? Имаме бе....! Епа дај да земам и тоа, арно викаш!
И така успева да го натерам човекот да напраи цех од над 100.000 $.
Ами добро бе дете, живо ме интересира како почна целиов муабет за рибарлаков ?
Абе види, го видов се мотка во женскиот одел, некако усрамено и несигурно ми делуваше, па го прашав господине што барате...како можам да ви помогнам? Тој ми кажа дека бара улошки за жена му.
Јас му реков, аааа значи вашата сопруга има менстурација...епа шо ќе праиш викенодв дома, земи поарно иди по риба!
