Маж ја одвел љубовницата во мотел. Си легнале, а љубовницата рекла:
- Знаеш што, многу лошо се чувствувам во моментот, ми треба сон. Ајде да го одложиме сексот за утре сабајле.
Мажот се согласил и легнале да спијат. Љубовницата се обидувала да заспие, но не успеала, затоа што во соседната соба некој ужасно 'рчел. Не можела повеќе да издржи па тропнала на ѕидот и викнала:
- Еј комшија! Ве молам излезете надвор и испушете една цигара за десетина минути, зошто не можам да заспијам од вашето 'рчење.
Од соседната соба се слушнало:
- Ок, нема проблем, излегувам...
'Рчењето престанало, љубовницата заспала мирно.
Утрото се разбудиле и започнале со сексот. Офкањето било се посилно и посилно. По некое време од соседната соба се слуша глас:
- Еј комшија! Може ли услуга за услуга? Излези и испуши една цигара за 10 минути, зошто не можам да си ги облечам панталоните.
--------------------------------------------------------------------------------