Налетав на вицови на нет морав да ги постирам.
Македонски железници - вистинска демотивација!
Мислите дека ова е екстремно? (Реклама за Airwaves Super) Е ова е екстремнооооо - Македонски железници!
Возовите на Македонски железници се премногу старо железо и за откупувачите на старо железо!
Кога почнува, а кога завршува грејната сезона во возовите на Македонски железници? Почнува во мај, завршува во август...само тогаш е топло во воз!
Колку трае грејната сезона во возовите на Македонски железници? Од Битола до Прилеп!
Како умрел Чак Норис? Се возел од Скопје до Битола со возовите на - Македонски железници!
Зимски распоред на возовите на Македонски железници:
07:00 Тргнување од Скопје
08:00 Велес
08:40 Богомила
расипување на возот
3 часа на луда забава, правење снешковци и слични работи
11:40 Прилеп
12:40 Битола.
Татко ми ми кажуваше приказни од војска, а јас на моите деца ќе им раскажувам дека не не праќаа во војска, туку не возеа со возовите на - Македонски железници!
Информациите говорат дека Крис Браун ја истепал Ријана откако се возел во возовите на - Македонски железници!
Режисерот на филмот 'The Day After Tomorrow', Roland Emmerich, идејата за филмот ја добил една зимска ноќ, возејќи се во возовите на - Македонски железници!
Пронајден фосил од милионски стар диносаурус во Битола. Ќе биде префрлен во Скопје со возовите на Македонски железници, бидејќи тоа е единствениот начин да не се одмрзне по пат!
Држава со ваква железница треба да се грижи за својата младина - Тито.
Нова кампања на Владата на РМ: Доколку однесете 10 билети како доказ дека сте се возеле во возовите на Македонски железници, добивате 10 дена бесплатно уживање во бања по ваш избор!
Де бре што ти е, што си се наоблекол толку, да не одиш на скијање или пак на Солунска глава?
- Не, ќе се возам во возовите на - Македонски железници!
Во последната анкета спроведена од Матицата на иселеници, 7% од Македонците во светот како причина за иселувањето ги навеле возовите на - Македонски железници!
Велат Александар Македонски, пред да умре го проколнал Македонскиот народ. Гледајќи ги возовите на Македонски железници, знам дека е така!
Возовите на Македонски железници се направени пред Прометеј да го украде огнот од боговите!
Носталгија, тоа е состојба која се јавува кај лица кои се отселиле од матичната земја и кај патниците во возовите на - Македонски железници!
Зошто Берлин падна 45-тата? Затоа што германските единици што требаше да се повлечат од Македонија и да го бранат Берлин ги пренесуваа возовите на - Македонски железници!
Бреее дедо, па ти ги памтиш сите средби со Тито како вчера да биле. Ај кажи ми кога ги донесоа возовите на Македонски железници!
- Туууу внучко, тоа одамна беше, не паметам до толку..
Како ја изгубивме поддршката од САД? Син му на Обама се возел во возовите на - Македонски железници!
Тато, тато...сакам да одиме во Куќата на стравот!
- Не сине, имам подобра идеја, да се возиме во возовите на Македонски железници - пореално е!
Еднаш возот на Македонски железници стигна на време во Прилеп. Од тогаш секоја година традиционално се одржува Пиво фест!
Знаете колку пати во годината возот на Македонски железници стигнува на време?
- Колку што Драган Чадиковски има дадено голови за фудбалската репрезентација - 0!
Една кучешка година - Седум човечки...10 минути за Македонски железници = 30 човечки минути!
Мислиш дека Февруарскиот поход било постигнување? Пробај да се возиш со возовите на - Македонски железници!
Селективниот курс за во специјалната единица Волци се одржува 21 ден. Обично курсот го поминуваат 10% од пријавените. Потоа тие се упатуваат на возење со возовите на Македонски железници и од нив само 2-3 преживуваат и стануваат членови на единицата!
На задната страна од билетите на Македонски железници пишува:
- во цената не е вклучено местото за седење
- греење
- навремено пристгнување
- се препорачува да си носите ќебиња
- носете чај и сендвичи
Сега забележав нешто...мојот лап топ грее повеќе од возовите на - Македонски железници!
Класниот раководител на ученикот: За да ти ги напишам овие изостаноци оправдани, треба да дојде родител, да донесеш потврда од матичен лекар или искористен билет од Македонски железници..
Еден ден Петре М. Андреевски се качил на возо во Скопје и почнал да пишува нешто..кога стигнал во Битола, го имал напишано романот Пиреј..