Автор Тема: Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000  (Прочитано 5366 пати)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000
« на: 03 Октомври 2017, 17:54:19 pm »
Марка: Ford
Тип: Fiesta
Година на производство: 2000
Мотор: 1.25 Zetec 55 kW/ 75 HP (бензин)
Поминати километри: 101.000

Подетални спецификации на: http://www.parkers.co.uk/ford/fiesta/hatchback-1995/125-zetec-3d/specs/

Колата е увезена од Италија во 2011 година и од тогаш е во моја сопственост. Купена е со поминати цирка 78.000 километри.

-На 78.000 километри, кога е купена направен е малку поголем сервис (променето е моторно масло, сите филтри и каиши, свеќички, шраф на радилица)
-На 95.000 километри (2016 година) променета е бобина, а брзо после тоа променет е и филтерот за гориво
-На 96.000 километри (2016 година) променети се свеќички (Motorcraft ориџинале, купени во Ми-Да)
-На 99.000 километри (2017 година) променети се сите четири гуми, ставени се Uniroyal RainExpert 3
-На 100.000 километри (2017 година) променет е заден десен лагер на тркало и добош
 






















« Последно менување: 05 Октомври 2017, 18:28:29 pm Shuriken »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000
« Одговори #1 на: 03 Октомври 2017, 18:04:57 pm »
Oдличнo изгледa зa гoдините. Мoжеш црните делoви нa брaникo сaмo дa ги oсвежиш сo бaмпер спрејче,нa фoрумoв ќе нaјдеш имa темa зa тoa.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000
« Одговори #2 на: 03 Октомври 2017, 18:53:07 pm »
Тамам мало градско количе. Со здравје да го возиш. Ме нтересира дали имаш серво? Исто имам, али маловпо воланче џоа лада возам?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000
« Одговори #3 на: 05 Октомври 2017, 18:28:15 pm »
Oдличнo изгледa зa гoдините. Мoжеш црните делoви нa брaникo сaмo дa ги oсвежиш сo бaмпер спрејче,нa фoрумoв ќе нaјдеш имa темa зa тoa.
Што се однесува до надворешниот изглед, тоа ми е приоритет. Не знам колку ќе држи бампер спрејот без шмирглање и прајмер. Претпоставувам дека и претходниот газда сакал да го освежи и го офарбал само со спреј, па затоа има брзо избледено.

Тамам мало градско количе. Со здравје да го возиш. Ме нтересира дали имаш серво? Исто имам, али маловпо воланче џоа лада возам?
Фала.
Да, имам серво, ама воланот е сепак "потежок" од многу други коли со серво што ги имам возено. Мислам дека тоа правило важи и за другите Фордови, барем од таа ера. Мене не ми смета, затоа што тоа е мала цена да се плати во однос на тоа колку е попрецизен и подиректен воланот од многу други коли што ги имам возено, без разлика на големината и класата.
Твојата има серво?

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000
« Одговори #4 на: 05 Октомври 2017, 18:57:28 pm »
Еве ти мој предлог за браникот. Земи од продавнициве за бои и лакови сунѓерче за шмирглање, кое е замена за шмиргла 600ка. Апсигувај го со сунѓерчето и вода, у превод-водено шмирглање, ќе го исушиш и после сушењето ќе го избришеш со крпа и алкохол. Одма по тоа, ќе го прснеш со прајмер (ти го препорачувам сивиот на Renco) една рака помини го, можеш и две, не е никаков проблем. После прајмерот нека исуши добро, ќе го апсигуваш пак со сунѓерчето и вода. Пак пребришуваш и прскај после слободно со бампер спреј. Ќе дојде како ново и што е најважно ќе држи, пошто оваа постапка ми е пробана и испадна најефикасна и тоа на лип од преден браник, ни камчиња на автопат не го оштетуваше. Со лесно!

Sent from my Redmi 4A using Tapatalk


Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000
« Одговори #5 на: 05 Октомври 2017, 19:02:33 pm »
Нема серво. И ме нервира исто така, од почетна ситуација на волан до пун лев треба 4 круга. Билдам мускули :D
Али интересно количе. На 100 тресе цела кола и волан. Друже гумиве колку ги зема и која димензија се?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000
« Одговори #6 на: 05 Октомври 2017, 19:46:24 pm »
Еве ти мој предлог за браникот. Земи од продавнициве за бои и лакови сунѓерче за шмирглање, кое е замена за шмиргла 600ка. Апсигувај го со сунѓерчето и вода, у превод-водено шмирглање, ќе го исушиш и после сушењето ќе го избришеш со крпа и алкохол. Одма по тоа, ќе го прснеш со прајмер (ти го препорачувам сивиот на Renco) една рака помини го, можеш и две, не е никаков проблем. После прајмерот нека исуши добро, ќе го апсигуваш пак со сунѓерчето и вода. Пак пребришуваш и прскај после слободно со бампер спреј. Ќе дојде како ново и што е најважно ќе држи, пошто оваа постапка ми е пробана и испадна најефикасна и тоа на лип од преден браник, ни камчиња на автопат не го оштетуваше. Со лесно!

Sent from my Redmi 4A using Tapatalk
Кога би се нафатил сам да ги фарбам браниците, дефинитивно би ја следел оваа постапка. Проблем е што немам простор каде би работел. Пред зграда не е баш практично, поготово сега кога ќе залади. Можда во иднина, ако ми се укаже некоја прилика. Во секој случај, фала ти за советите.

Нема серво. И ме нервира исто така, од почетна ситуација на волан до пун лев треба 4 круга. Билдам мускули :D
Али интересно количе. На 100 тресе цела кола и волан. Друже гумиве колку ги зема и која димензија се?
Не сум возел ваква кола без серво, така да не знам колку е потежок воланот, ама сигурно има разлика. Четири круга од прави тркала до пун леви ми се некако многу. Кај мене мислам дека не иде поише од четири круга од пун леви до пун десни. Ако те интересира, можам да проверам. Со оглед на тоа што спомна дека на 100 км/ч ти тресе колата, мислам дека имаш некој проблем со предницата. Кај мене полесни вибрации се чувствуваат тек после 150-160 км/ч, и тоа со старите гуми.
Гумите се во фабричка димензија за колава, 165/70 R13, платени се околу 9.500 денари со попуст.
« Последно менување: 05 Октомври 2017, 19:56:56 pm Shuriken »

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000
« Одговори #7 на: 15 Април 2018, 22:47:20 pm »
Изгледа дојде време да се мењаат задните амортизери. Каде може да најдам квалитетни амортизери (Sachs, Bilstein, KYB и слично) и кој бренд би ми го препорачале?



Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000
« Одговори #8 на: 16 Април 2018, 09:25:39 am »
Во МИ-ДА има акција за промена на амортизери.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000
« Одговори #9 на: 16 Април 2018, 10:59:52 am »
Незнам она Авто лидер карши олимписки дали работи уште, да ѕирнеш и таму?

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000
« Одговори #10 на: 16 Април 2018, 15:59:28 pm »
Во МИ-ДА има акција за промена на амортизери.
Видов дека имаат акција, ама за мојата моделска година не важи. Во секој случај, ќе се јавам и ќе прашам, не ми се чини многу скапо ако цената е за пар.

Незнам она Авто лидер карши олимписки дали работи уште, да ѕирнеш и таму?
Бев прееска, немаат ништо, не стигнале со оваа пратка, а наредната ќе им биде за месец дена.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000
« Одговори #11 на: 25 Јули 2018, 12:13:28 pm »
Вчера променети задни амортизери, ставени АЛ-КО.

Додека се возев навака-натака вчера да сменам амортизери, вентилот за греење пак откажа послушност и се ,,заглави'' на топло. Се јавив на неколку места, ми ја нудат вообичаената кинезарија, па одлучив да се јавам во Ми-Да и таму ми маваат цена од 7,500 илјади денари. Моментално оглувев.
Тие што возеле Фиеста, а можда и некој друг Форд со слична година на производство, знаат дека ова е чест проблем. Прашањето ми е дали има некоја алтернатива, да се најде негде нешто поефтино, надвор или кај нас, со задоволителен квалитет?


Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Ford Fiesta Mk4 1.25 Zetec 2000
« Одговори #12 на: 01 Август 2018, 12:32:56 pm »
Изминативе недела дена, на километража од приближно 101.500 километри, сменето е следново:

-AL-KO задни амортизери - 5266 денари пар и 1000 денари за работна рака

-Моторно масло Ford Formula F 5W-30 и филтер за масло Motorcraft - 1890 денари

-Вентил за греење Topran - 1500 денари (за овој од Ми-Да ќе се чека некој бољи живот)

-Сет ребраст каиш SKF (2600 денари) и линиски каиш Gates (935 денари) - 3535 денари вкупно и 2500 денари за работна рака

-Purflux филтер за воздух (570 денари) и Purflux филтер за кабина (578 денари) - 1148 денари вкупно

-Предни бришачи Valeo First VF48 - 480 денари пар

-Заден бришач некој рандом што можеше да се вклопи назад - 200 денари


« Последно менување: 01 Август 2018, 13:10:24 pm Shuriken »