Ни Лабрадор, ни Кокер Шпаниел не се наменети да бидат надвор, пошо имаат нужна потреба да бидат со луѓе. Поготово па Кокерче да го туриш надвор, ептен греота е.
Ако ти е за надвор, за да биде првенствено чувар или слично (да нема премногу контакт со луѓе), подобро е вучјак, ротвајлер, доберман, кане корсо или нешто такво.
Малите раси не се за надвор. Од средните, Лабрадор и Златен Ретривер не се за надвор. Не дека не може, ама ќе се мучи куче. Тие раси патат за соживот со луѓе, ќе му го утепаш карактерот ако го тупнеш надвор. Уште полошо ќе е, ако може да ве види дека сте внатре, а тоа е надвор.