си ја гледав мојата свадба... и сум заборавил дека кучката моја (кристи) ја има на снимката... па си ја сликнав од телевизор

раса? мешанче од пекинезер и териер, такозвана џукела, ама ловецот на териер во нејзе беше посилен од размазениот пекинезер. доживеа околу 14 и нешто години. последните 2 и дававме апичња за спуштање притисок т.е. за мокрење. таа година и почна да ослепува. последната година више беше комплетно глува и слепа. ама носот и осетот и работеа безпрекорно. на улица се шеташе до нога, онака глува и слепа... ти го осеќа мирисот... и што ми е нај више мука, бабата ја шетала. стоеле на пешачки на црвено и вика кучкава наеднаш и текнло да тргне.. трас во првата кола и толку... копилето не ни застанало.. не тврдам дека е крив, ама барем да застанал...
после нејзе реков нејкам да зимам друго куче, зашто ке се врзам со него исто како и со ова. знам дека ке го надживеам и тоа и ке ми биде пак многу тешко кога ке дојде крајот... само таа е причината. можеби по малку егоистична и нарцисоидна ама тоа е тоа... летово замалку ке земев златен ретривер, ама ете, не успеав себеси да се убедам...