Автор Тема: Домашни Миленици  (Прочитано 700030 пати)

Отсутен Lancerka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3510 на: 20 Февруари 2015, 18:51:36 pm »
што е најдобро да земам за 30 дневно кутре(хаска) за јадење... би требало после да одам да го земам, па успат и нешто да крка :)
Немој да го земаш сега, 30 дневно кученце е сеуште премладо за да се одвои од леглото.
Кученцето треба да има најмалку 40 - 45 дена за да се одвои од леглото ... тие плус 10 - 15 дена, многу значат.

Јас мојата Доберманка ја земав на 42 дена, и сеуште сметам дека беше рано, требаше да почекам барем уште 1 недела.

А за исхрана, сува кучешка храна, Brit CarniLove и Brit Care се најквалитетни, јас ја користам Brit CarniLove.
Ќе земеш Puppy линија, тоа се ситни гранули збогатени со калциум, витамини и сл. потребни состојки за правилен раст и развој на младите кученца, и гранулите се ситни, за да можат полесно да ги грицкаат

Секако на почеток, додека е мало, додека да наполни 2 месеци, ќе треба да ја натопуваш сувата храна со млака вода, како кашичка да ја направиш за да може полесно да ја јаде, додека да му ојачаат забчињата.

Можам да ти средам работа со увозникот на Брит, се познавам лично со човекот, и наместо да ја купуваш храната од Пет Шоп по повисока цена, ќе ти средам работа, да си ја зимаш храната по набавна цена, да не фрлаш дупло пари за храна.  

За дополнителни совети, слободно прашај ме, се што не ти е јасно прашувај.
« Последно менување: 20 Февруари 2015, 19:17:13 pm Lancerka »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33921
  • Таков е животот... јебига
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3511 на: 20 Февруари 2015, 18:52:57 pm »
Остај го уште 2 недели минимум со мајка му. нека ојача.

Отсутен Lancerka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3512 на: 20 Февруари 2015, 18:57:55 pm »
Остај го уште 2 недели минимум со мајка му. нека ојача.
Дефинитивно, тоа е најпаметно нешто што може да го направи Kikac у моментов.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2696
  • Шалабајзер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3513 на: 20 Февруари 2015, 19:42:04 pm »
дечкото рече дека се веќе самостојни, односно се одделиле веќе од мајка им, не ја барале повеќе, кога го имав лесито(шкотски офчар), немаше неполни три недели го земавме дома, али малце се помачивме дур стекне доверба и не запознае дека не му мислиме лошо
No turbo, no fun :)

Отсутен Lancerka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3514 на: 20 Февруари 2015, 19:49:24 pm »
дечкото рече дека се веќе самостојни, односно се одделиле веќе од мајка им, не ја барале повеќе, кога го имав лесито(шкотски офчар), немаше неполни три недели го земавме дома, али малце се помачивме дур стекне доверба и не запознае дека не му мислиме лошо
Тикви варени ... остај ги ти тие приказни ... самостојни биле, не ја барале мајка им.
Добро ги знам таквите, што само сакаат што побрзо да земат пари и да се оттарасат од кученцата.

Јас ти кажувам од професионална страна, долги години сум во овие води да речам, и имам преголемо искуство и знаење ... и нитуедно кученце на 30 дена не е самостојно.

Го зема ли?

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2696
  • Шалабајзер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3515 на: 20 Февруари 2015, 19:50:44 pm »
не, уште сме у преговори дома дали да или не :)
No turbo, no fun :)

Отсутен Lancerka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3516 на: 20 Февруари 2015, 19:53:18 pm »
не, уште сме у преговори дома дали да или не :)
Преговарај барем уште 2 недели ;)
Таман кученцата ќе бидат на возраст за одделување.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33921
  • Таков е животот... јебига
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3517 на: 20 Февруари 2015, 20:06:41 pm »
Какво е тоа преговарање дали да или не?
Чим не сте сите едногласни... тури му пепелот.
Живееш во стан или куќа?

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2696
  • Шалабајзер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3518 на: 20 Февруари 2015, 20:28:35 pm »
абе јас сум за, мајка ми не, а татко ми сака али несака хаска, и се натегаме сеа нати го-дајми го... Во куќа
No turbo, no fun :)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8067
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3519 на: 21 Февруари 2015, 11:40:07 am »
Твоите секогаш ќе бидат против, не сакаат обврски.

Зимај куче штом си во куќа!
Јас едвај чекам да досредам и два Лабрадори или Ретривери да си земам  :) Мачка и аквариумот пак да си го активирам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33921
  • Таков е животот... јебига
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3520 на: 21 Февруари 2015, 13:04:06 pm »
абе јас сум за, мајка ми не, а татко ми сака али несака хаска, и се натегаме сеа нати го-дајми го... Во куќа

Хау абаут волчјак?

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2696
  • Шалабајзер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3521 на: 21 Февруари 2015, 16:06:14 pm »
фала џонтра, но се бира меѓу леси и сибирски самојад, друго неќе, ми даваа кане корсо на поклон мајка ми полуде коа слушна каква раса е, страв и е од такви кучиња, еднаш донесов на чување од другарче пит бул, мајка ми од куќа не искочи...


пират, мајка ми не дека несака кутре, несака "агресивни", уште и е жал што ни го отруја лесито и несака да земеме да не му се случело истото, за тоа е целата полемика по дома, баш ми е жал што му откажав на човекот за хаскито
No turbo, no fun :)

Отсутен Lancerka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3522 на: 21 Февруари 2015, 17:43:18 pm »
фала џонтра, но се бира меѓу леси и сибирски самојад, друго неќе, ми даваа кане корсо на поклон мајка ми полуде коа слушна каква раса е, страв и е од такви кучиња, еднаш донесов на чување од другарче пит бул, мајка ми од куќа не искочи...


пират, мајка ми не дека несака кутре, несака "агресивни", уште и е жал што ни го отруја лесито и несака да земеме да не му се случело истото, за тоа е целата полемика по дома, баш ми е жал што му откажав на човекот за хаскито
Како може расите да се делат на агресивни и неагресивни?

Што, ако е Кане Корсо, по дифолт е агресивно?
А ако е Хаска, Самојед, Златен Ретривер, Лабрадор и сл. ... по дифолт не е агресивно? 

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2552
  • Слобода или смрт
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3523 на: 21 Февруари 2015, 17:49:28 pm »
Да, пит бул, ротфајлер, кане корсо и сличните на нив се гнасни кучиња. Тоа не е за дома чување.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16664
  • Keep it 100
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3524 на: 21 Февруари 2015, 18:06:17 pm »
Па тебе како те чуваат?