Корисно? На кој начин корисно?
Јас мислам дека тоа е контрапродуктивно кон тоа да се елиминираат скитниците од урбаните места а несовесните сопственици и размножувачи на улични проблеми дебело да се казнат, како што се прави секаде во цивилизираниот свет. Да не се правиме сега мајки и татковци терези демек колку се грижиме за животните. Скоро сите сакаме животни и сакаме да имаме домашни миленичиња. Да, но домашни. Ако толку многу сакаме животни ќе си ги прибереме дома а не да навиваме за нив на улица.
Интересен муабет испадна со комшијата кога го носевме кучето на доктор, го лечевме и дававме пари од свој џеб за кучето да куртули, но со цел да не зарази други животни и домашни животни. Ама ние сме спасиле едно куче и сме решиле еден промил од проблемо и тоа за некој краток период. Значи не сме направиле ништо, освен што сме си ги исполниле душите. Истото ќе се повтори и повеќе животни ќе страдаат. Истото мислам дека го прават и турците со таа машина. А за да не се повтори треба проблемот систематски да се реши, а не да се мачкаат очи на јавноста и да се печалат веројатно политички поени со смешни изуми кои имаат потенцијал да го продлабочат проблемот.