Колку само ние луѓето сме гадови кон животните .....
Особено кон оние кон кои немораме да бидеме, вчера беше
http://tigerday.org/ денот на тигрите. Се шпекулира дека се останати само околу 3000 тигри на планетата и нивното изумирање е предвидено во догледна иднина. Исто и со останатите големи мачки кои се наоѓаат на врвот од ланецот на исхрана и не би требало никој да ги лови, зошто нивната еволуција не предвидела нивно изумирање во толку големи количини никогаш во историјата. Оние животни кои постојано се ловени од стана на разни предатори како срни, антилопи и слично се адаптирани на масовно ловење и затоа смее да се ловат. Ловците (
carnivora) не се, и не би требало да бидат.
Поентата е следна, не е дека се ловени со некоја логична цел, туку се ловени од религиски/суеверни побуди за глупости, а нивното ловење продолжува сосема непотребно во 21виот век. Ти од 3000 животни од еден вид, да ловиш за кожа, да ловиш за заби, за глупости треба да не си саглам. Не за еден човек саглам, туку како целина. Во небраска се дозволи ловање на Пума после којзнае колку години да стои забрането, зошто да се прашаш - како саглам човек? Кој им е курацот да се лови Пума?
http://www.outsideonline.com/news-from-the-field/Nebraska-Begins-Hunting-Cougars.html?999Ги ловат во стапици, и после ги повредуваат за да неможе да бидат многу подвижни, и ги носат на ловишта, за „клиентите“ да можат лесно да уловат Пума.
http://www.ksl.com/?sid=28342919&nid=148&title=2-accused-of-maiming-capturing-big-cats-for-illegal-hunting&fm=home_page&s_cid=featured-1Еве како се гледа на ловење на Пумата:
Тргни се на страна со пушката и гледај како ќе ги коле кучињата едно по едно...
Истиот муабет беше со Сатао што го спомнав пред некој ден. Слоновите исто се на граница на истребување, како и носорозите. Од буквално истите причини. Тие се во врвот на ланецот на исхрана и никој не ги лови. Не се адапирани на лов. А ловењето е најодвратно на светот, им ги трујат поилата со цијанид, им фрлаат отровни мртви животни за да ги јадат и да се трујат, ги фаќаат во метални стапици за мечки, и со месеци им треба за да умрат.
А што е најстрашно кога се убива еден слон, обично слончињата мали сами умираат потоа, исто како и големите мачки и носорозите. Ако неможе да се бранат и прехранат, малите неможат да преживеат ни една недела. Едно убиство не е едно убиство.
Прашањето е зошто?
1. За стапчиња за јадење од слонова коска во Кина.
2. За крзно од тигар во Кина.
3. За апчиња за дигање кур (кои не работат, вијагра работи на пример) во Кина.
За пагански непотребни работи, ете затоа. Болест.