Автор Тема: Домашни Миленици  (Прочитано 700071 пати)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2010 на: 24 Јануари 2014, 02:33:14 am »
Зависи, јас го имам како прашок, таблетки мали а и како капсули. Пошто со моево смотано се тепаме за апчиња, капсулата ја растварам у вода и со шприц у уста. Му имам неколку пати давано. Исто помага ако повраќаат. Обично повраќаат ако јадат лисја или трева такви работи па го смирува стомакот. Прекрасна работа. У алатот за шетање секогаш имам такво јагленче, пошто ветеринаркава ми препорача. Убаво е да се знае.

Инаку да чоколадата е штетна, ама не поради шеќерот во неа, туку за кучињата и за мачките некоја си супстанца од какаото и од чоколадата била отровна за нив. Ја знаев дека е штетна, ама мислев поради шеќерот, а уствари било и полошо :) Како и да е и да касне, и да јаде чоколада, нема ништо да се деси којзнае што, ама има случаи кога можело да дојде до страшни последици.

Исто ко што знам компири не се даваат на животни. Исто кучињата поготово сакаат зелена салата зелка, морков и слично. Тие работи се ОК за давање, поготово морковот кој се препорачува (ја стално му рендам морков на моево и заедно со мелено месо му давам). АМА никако пиперки, кромид и такви некој глупости :)
Многу битно, доколку кучето јаде и домашна храна, да се глеа да биде зачинета. Исто ако е на сува храна тоа е добро, ама и не толку здраво. Ако е само на сува храна е прилично штетно по бубрези и незнам што. Убаво е од време на време сварено стекче, јунешко (доколку сте при пари и не ве мрзи да го сварите). Само да не се зачинети јадењата - многу битно.

Најубава работа за куче е оние 'рскавците или како и да се викаат од коска (у кокошка на батакот тоа белото горе) тоа се премија за секое куче. Поголем деликатес од тоа не постои за кучиња. У софија многу културно се продаваат у културни маркети, змрзнати у кесички. Се варат и кучето се утепуе од јадење. Кај нас пошто сме ние нели многу смарт и секогаш снабдени, такво нешто НЕМА. Едини начин у месарници кои ги чистат батаците, па да се најде. Тие ги фрлаат, ама месарницата радо би те услужила. Ако најдете, дур се свежи варење и у замрзивач. После само у топла вода колку да се одмрзнат и крај :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20594
Одг: Re: Домашни Миленици
« Одговори #2011 на: 24 Јануари 2014, 02:41:43 am »
Ај утре ќе глеам да напишам нешо поќе, легнуем да спијам сега :)

У принцип, поголемиот дел од напишаново е точно, освен моментот со зачините :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20594
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2012 на: 24 Јануари 2014, 11:27:00 am »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2013 на: 24 Јануари 2014, 14:54:53 pm »
Многу битно, доколку кучето јаде и домашна храна, да се глеа да биде зачинета.

Никако да да биде зачинета! Тревкасти зачини како магдонос, оригано и слично може, но други никако. Поготово презачинето со бибер и сол. Исто и благи пиперки може да им се дава. Другото е ок.

Јас да предложам рецепти за кучкарите.
Зимам мелено пилешко месо од Идризово(линк) по цена од 30 ден. за 1 кило. Месото е одлично, чисто без никакви глупости во него и најбитно не смрди воопшто. Најдоброто ефтино месо досега што сум го нашол. Доколку некој иде да зима нека се јави прво на бројот од страната за да провери дали моментално има.

1. Месото + ориз, морков, цвекло, магдонос и нане. Се вари едно саат време.

2. Месото + зелка, морков, цвекло и зачините. Зелката мора да биде сварена убаво иначе може да предизвика мачнини.

3. Месо + палента, измешано со јогурт и јајца при сервирање :)

Во првите два рецепта може да се додаде и јаблоко на парчиња но никако семките(отровни се за кучињата), како и крушки.
Јас им го мешам ова со малце дехидрат, а некогаш и со леб. Многу поздрава е ваквата исхрана за кучињата а и се заштедува доста, само што има замарање околу готвењето.

Ако некој го интересира нешто подетално слободно нека се обрати. ќе се потрудам да помогнам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2014 на: 24 Јануари 2014, 15:02:04 pm »
Ај утре ќе глеам да напишам нешо поќе, легнуем да спијам сега :)

У принцип, поголемиот дел од напишаново е точно, освен моментот со зачините :)
Ако мислиш нешто за спас од труење, пишувај кога ќе можеш.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2015 на: 24 Јануари 2014, 15:16:19 pm »
1.Средства за чистење, шпиртус, алкохол и сретства за лесно запалување и потпалување на оган
Симптоми:Изразито капење од носот од пола до саат време после труењето, повраќања и пролиф.Следните три часа доаѓаат до нестабилност, вкочанетос во нозете, грчеви со повремени движења на главата нагоре и високи температури од 41 до 42 степени.
Реакција:Повраќањето се случува само првиот пола саат, после тоа можете да му дадете малку вода и итно да го однесете на ветеринар.
Терапијата чини:Средства за повраќање, перење на желудникот, средство за смирување и спиење, инфузија и калциум против грчење и самите грчеви.e.

2.Антифриз
Симптоми:Јако капење од носот, неколку минути после контактот со антифризот доаѓа до повраќања, пролиф, умореност, нестабилност и грчеви.
Реакција:Не предизвикувајте го повраќањето, дајте му само вода во мали количини и активно медицинско надгледување.За вашето куче во глобала да се опорави морате да се консултирате со лекар.
Терапијата подразбира:Перење на желудникот, давање инфузија за одржување на функциите на бубрзите и противотров кој се дава преку инфузијата.

3.Отров за глувци и стаорци
Симптоми:Во почетокот доаѓа до повраќања кој сопствениците на кучето често и не го приметуваат, после 2 до 6 часа се јавува тромост која предизвикува внатрешно крварење, изметот и мокрачата ги правиви крвави односно исфрла количини на својата крв.
Реакција:Треба да отидете на ветеринарен лекарВо првите 30 до 60 минути треба да предизвикате солни раствори на повраќање, после првиот час да се откажете од насилното повраќање и значително да му го олесните давањето активно медицинско уље.
Терапијата се состои од инекции од витамиот К1 и трансуфузии крв во најлошите случаи на труење.

4.Отров за третирање растенија (како на пример отров против полжави) и разни врсти на исекициди
Симптоми:Зависно од количината, внесувањето на овој отров може во рок од 24 саата да доведе до смрт на кучето.Во послабите случаи односно кога колчеството на внесување на овој отров не е преголемо, дури по течење односно изобилно капење од носот, повраќања, пролив, а покасно до страв, грчеви, нестабилност и покачена температура.
Реакција:Повраќањето можете да го спречите со консултирање на ветеринарен лекар, само во првиот саат можете да реагирате со концретриран раствор од соли, додека отиде на лекар давајки му на вашето куче вообичаени средства активни медицински течности и активно медицинско уље.
Препорачаната терапија за труење предизвиката од отрови за третирање на билки е следна: Средства за предизвукување на повраќање, перење на желудник, лекови за смирување и спиење, инфузија и калциум кој ке ги острани грчеви во одењето.
Терапија која треба да ја примените во случај на труење со овој отров или со овие инсектициди.
Внимателно треба да го употребувате средството против инсекти (најчесто крлежи), шампони и пудри. По ставањето нанос од пудра, крзното треба да го избришете со влажна крпа а шампонот реба добро да го остраните односно да го исперете.
Спомнатите препарати никогаш не ти оставајте отворени во близината на вашето куче, како ни мокри гердани и огрлици после купување од продавница, строго забранете му на вашето куче да пие вода со која сте се бањале односно со која сте се капеле или туширале.

5.Минерално уљ, лекови и таблети за спиење.
Симтоми: Не доаѓа до повраќање и пролив, но затоа се јавува длабок сан, сонливост, површинско и длабоко дишење, брз и плиток пулс.
Реагираје во првиот половина час, предизвикајте повраќање кај вашето куче, после тоа даје му активно медицинско односно минерално уље.После првиот час од внесувањето на супстанци, дајте му на вашето куче акитвно уље и однесете го вашето куче одма на ветеринар.
Реакција:Предизвикајте повраќања, исперет ему го желудникот, вештачко дишете и давање киселини, инфузија за подоброување на крвотокот и извлекувањето на токсиние од бубрегот.За време на спиењето, вашето куче мора да биде на топло, и поради опасност од прекинување на крвотокот секој половина час ставајте го вапето куче во поинаква положба.
Кога ке дојде до труење на вашето куче, најважно е да запаметите дека повраќањето треба да се предизвика само во првиот час или првиот половина час подоцна вашето куче реба активно да зема медицинска односно ветеринарна помош и активно да внесуваме медицинско уље.Стручната помош како и во оваа така и во други ситуации е од големо значење а воедно и најдоброто решение па неопходно вашето болно односно затруено куче да го однесете на лекар, доколку ветеринарот е на поголема далечина одвас а животот на вашето куче е во опаснот можее да се консултирате со него и да разговарате прекуи телефон што може значително да ви помогне во гестови за спасување на вашето куче.

Запметете дека при ниедно тровање немојте да му давае на вашето куче, млеко, доволно е само активна грижа и вода, и и доколку е потребно предизвикајте му пвоаќање или иоскорситете некој од советие напишани погоре.

Извор

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2016 на: 24 Јануари 2014, 17:34:17 pm »
Само што слушнав на вести - умрела жирафата Орка.

Ова ќерка ми ни под разно не смее да го дознае.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2017 на: 24 Јануари 2014, 17:46:17 pm »
Има 3 мали жирафки. Нови.

Отсутен Azriel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 697
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2018 на: 24 Јануари 2014, 17:48:26 pm »
Само што слушнав на вести - умрела жирафата Орка.

Ова ќерка ми ни под разно не смее да го дознае.

Имала срцева мана. Барем така рекоа на ТВ.

:(
Seat Leon 1.4 TSI

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33921
  • Таков е животот... јебига
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2019 на: 24 Јануари 2014, 19:47:07 pm »
Да не седела на цименто?

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2020 на: 24 Јануари 2014, 19:57:09 pm »
Му верувала на Заев.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8546
  • Пичлеме
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2021 на: 24 Јануари 2014, 20:28:26 pm »
Да не седела на цименто?
Прелада на вратот...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2022 на: 25 Јануари 2014, 14:13:05 pm »

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2023 на: 25 Јануари 2014, 14:39:40 pm »
Еве уште една слика од моиве другарчиња


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #2024 на: 25 Јануари 2014, 14:41:10 pm »
Eј маче!? Од кај?