Што и да правиш, немој да го земеш па да го запустиш. Греота е. Било кое куче.
Ретриверот е многу поигрив и подетинест - измислен е за деца. Далеку е од заштитнички, мада верувам дека би изреагирал соодветно, доколку некој од неговите мили се најде во опасност.
Вучјакот е многу позаштитнички и потериторијално настроен.
И едните и другите се исклучително интелигентни кучиња, кај кои е неопходно соодветно секојдневно да се работи и вежба таа интелигенција. Исклучително енергични се, а би рекол дека ретриверите се за нијанса подруштвени кучиња. Вучјаците имаат посилен специфичен мирис, во однос на ретриверите.
Со правилен тренинг, и едните, и другите (и на крај краева било кое) ќе стане близок член на семејството, за многу многу кратко време
