ме потсети дени со оваа негова случка со мачето, па да ја споделам и нашата, имавме 2 мачиња машко и женско но за 1 ден женското почина

, малиот ги најде надвор и откако ко окрепивме машкото го понудив и на форум и на пазар3 и на реклама5, ни се јавија предоцна зашто губрето ни се пикна под кожа

, се вика роки и до сега 3 пати му спасувам живот што допринесе ѓубрето да не се дели од мене

, кога беше мало му правев коктел од јајце, јогурт, зејтин за да му направам јака доза приближна до мајчиното млеко и го хранев со шприц, му го бришев куренцето

со салфетка за да се измоча, како што би правела мајка му и научи веднаш да си врши нужда во кофичка со земја, се изгуби во ходник по темница, се качило на 8-ми кат, го најдов после пола саат барање, кога го земав се бутна во мене и го уклучи тди-то

, преде ко луд, најнова случка се лизна од балкон од 2-ри и падна на 1-ви кат кај комшии кои не беа тука, па обидувајќи се да го земам од 23-30 до 01-05 по полноќ со скала, се откажав, па сабајлето кај комшиите од друга вертикала ги будев во 07-00 и скокав преку 2 балкона да си го земам, многу брзо порасна....

не знам како ги трпи малтретажите од децава, никогаш ни нема заклано како што знае мачка да изгребе....
[датотека избришана од администраторот]