Шо му доаѓа Кератек, онака најпросто кажано? Има реална потреба од тоа, или претежно е маркетинг?
Маркетингот го продава производот, или поинаку кажано, се она шо не чини маркетингот ќе го продај, се она шо чини самиот квалитет ќе си го продај
Еме арно де, затоа прашувам дали има потреба од Кератекот (а не од маркетингот) или не 
Кератекот се става на понови и неамортизирани мотори оки немаат проблем со маслените карики.
Кога ќе се измеша со маслото, при повисока температура создава многу тенок керамички слој секаде каде тече маслото. Керамичкиот слој го намалува триењето и ја заштитува површината од механички абења, создавање на талози и слично. Резултатот е подобро подмачкан мотор, помалку внатрешно триење и поголема отпорност на ниски температури. Едно пакување од 300мл е доволно за 5 литра масло и слојот трае 50.000км.
Јас три пати имам ставено до сега и во сите 3 случаи имало забележливо помирно работење на моторот и намалена потрошувачка на гориво. Најинтересно е е кога палиш на ниски температури моторот многу тивко и убаво работи.
Во врска со кератекот не забележувам никаков маркетинг освен повремени акции со пониски цени, у принцип исто како и со сите останати производи на Liquy Moly.