А да видиш од кај ти капе, па на мајстор да си сменишиш дихтунже/семеринже?
некогаш не е баш економски исплатливо да мењаш семеринг.. например волот откако го имам купено, сосема малце пушта масло од семеринг на радилица.. не е многу, значи збориме за 1 литро на 6-7.000 км, ама затоа моторот е одоздола целиот мрсен.. и мењачот е мрсен... е сега, за да го сменам тој семеринг, треба да вадам мењач... мењачот ми е автоматик. процедурата е премногу скапа, за да ушпарам 1 до 1,5 литро масло на циклус за мењање масло...
истото е и со комбето... поради заебана водна пумпа, ми прегреа моторот, и почна од дихтунг на глава да капе масло према надвор. после тестирање колку масло губи и колку ке кошта средувањето, есапот што го направив излезе дека барем 250-300.000 ке можам да го извозам комбето дотурајки масло за парите што се потребни да го отворам моторот и средам да не капе... инаку тој тип на комбиња моторите им се под седиштата.. единствен начин да отвориш глава е да го симнеш моторот доле, па да го кренеш комбето нагоре за да го извлечеш моторот и тогаш да го средиш.. од кабина нема пристап за вадење глава...
значи... и јас сум заинтересиран за вакво нешто, доколку е стварно успешно како адитив што би го решил проблемот... мада чисто сумњам, али ете, ако го има, би пробал. и на двете возила... значи 2 комада ми требаат...