Имам точна представа за што се работи,од притисокот и тријањето по лакот за да ги извадите трагите сте направиле рисеви и холограми,кои доколку не се одстранат правилно, на подолг рок ќе предизвикаат оксидација на тој дел од лакот,правилен третман направил дечкото од автопералната,ама испуштил дека можело безболно да поминеш со средството, и потоа со топла вода и микрофибер крпа,секогаш се користи за такви мрсни флеки и дамки,топла вода, или концентрат од одмастивач и топла вода 1:10,потоа машински да се исполира со антихолограмска паста и заштити со восок,конкретно да ти одговорам,само со восок нема да ти помогне ништо,некое време ќе покрие холограми,до првото перење,потоа пак ќе се појават,мораш да ја однесеш на полирање,машинско и професионално,сепак твоето возило е ново и Сеатот е познато дека има тврд керамички лак,на кој на сите нас кои се занимаваме со оваа работа,не ни е баш најомилен лак,но што е тука е,рецептот е целосно полирање и заштита со добар и квалитетен восок,не се плаши со полирањето нема да се симне ни микрон од лакот,возило може да се полира кај професионалец кој добро си ја работи работата и ганц ново возило,ако имаш можност секои три месеци можеш да ја полираш колата и ни микрон да не фали од лакот,на црната боја како во случајот со брат ти полесно се забележува сјајој,најдобри рефлексии после полирање се добиваат кај црна боја,најзахтевна боја за полирање,не остава простор за грешка,прашај го типот за 750 денари што употребува,дали е само восок нанесување т.е. восочно полирање или машинско полирање со пасти па потоа заштита восок,и за колку време ќе ја сработи,па потоа пиши пак,се сомневам дека за 750 денари некој на планетава може да го сработи тоа како што треба,се кладам дека е само перење и потоа нанесување восок
