1.9 90hp PD во голф 5ка е најдобриот дизел мотор. Не страда ни замаец ни турбина шо може да се деси кај 105 кс. Единствен проблем е шо е малце споричок но можеш да го кренеш до 110 кс без никакви последици. За возач почетник сметам дека е најдобра опција. Мал сервис (уље и 4 филтри) 3600 денари со уље арал и добри филтри, ребраст каиш SKF сет 8500 денари плус водна пумпа 2400 плус 1500 денари работна рака, ПК каиш сет ~ 3500 денари (мислам не сум сигурен) . Ако земеш добар не многу извозен примерок немаш проблем ни со дизни ни со ништо друго.