Еден трик што ни го кажа @djidji многу одамна, да си ги исчистиме стаклата со хартија натопена со 96% алкохол, и после да ги пребришеме со тазе перена, чиста и сува микрофибер крпа.
Пробано повеќе пати, далеку помалку маглат стаклата, а и побрзо се одмаглуваат.
Целиот проблем е во тоа што кога стаклата маглат брзо или пак тешко се одмаглуваат, тоа е резултат на нечистотија што се налепила на нив. И само со мокра крпа да се
пребришат, па потоа со сува го има истиот ефект, без употреба на алкохол или било какво средство. Не дека алкохолот останува и делува, туку целата работа е да се исчистат стаклата.
Баш последно кога ги бришев, само со намокрена крпа, па со сува, црна се правеше крпата па после секое пребришување морав да ја исперам.
После пребришување на стаклата, резултатот е ист како и ти што велиш, не маглат веднаш и кога ќе се замаглат, за помалку од минута одмаглени се.