Прашав еднаш па ајде уште еднаш.. Што можи да му биди на клиото, кога е под терет (гас до даска) претежно на угорница се пали chek engine, service, и сијаличето за греачи.. После 5 секунди се гаси, и ако пак дадам гас пак се пали и така..
или лошо гориво, или ламбда сонда.. трета ВОЗМОЖНА опција е протокомерот на воздух да е отиден, т.е. да не мери како што треба колку воздух иде, а како четврта опција дизна некоја да моча, па и издувните гасови се отидени во друг правец, па сето тоа го чита ламбдата и пали чек енџин...
шпоретчето твое, има постар начин на отчитување податоци, затоа го пали чекот па чим се врати проблемот во нормала ОДМА го гаси. на поновите ке свети уште некое подолго време.. кај некои 20 километри, кај некои 200, зависи од концептот на воизлото. кај некои е пак временски интервал да речеме 120 минути работа на моторот. кај тебе е кога им апроблем пали, чим го снема гаси и нај често не ја ни запаметува грешката, но немора да значи. тури ја на компјутер, можеби ја запишало грешката. според ТЕКСТОТ ВО СНИМЕНАТА ГРЕШКА ке одлучите што е... значи закачи на компјутер, и сликај го или запамети го УБАВО ТЕКСТОТ што ке го напише на грешката, зашто не ретко знае да напише на пример lambda integrator out of limits, ама тоа не значи дека ламбдата е прегорена, туку дека издувните гасови се надвор од нормалните параметри и треба да се бара причината за тоа и како што реков, може да биде и ламбда, протокомер а богами има мали шанси и дизна (или дизни) да почнале да мочаат... ај да не им отварам очи на тукашните “експерти“ пто се трудат да побиваат се и сешто, пиши па ке ти кажам што да правиш...