Неколку дена уназад гледам казанчето за вода замастено и водата кафеава а и мириса како киселина така непријатен мирис...
Тоа значи Меша уље и вода?
Претпоставки што може да е?
Дихтунг на глава?
Јас до сеа не приметив нешто да познаам... во работата на колата... пошто си праам често проверки вода и уље така приметив...
Утре ќе ја носам сабаље на мајстор закажав...
Sent from my MI 5 using Tapatalk
што кола бе друже? мотор? дизел-бензин... би било ред да кажеш...
по ова што го кажуваш, 99% е дихтунг на глава, и мали шанси има да прснала глава или хилзна (зависи кој и што мотор имаш)... нека среди и наполни со вода, па пиши ПП да ти кажам каков третман да и направиш за да го исчистиш уљето од разладниот систем....
а ти, побитно е, утре пред да ја запалиш, провери на капачето од уљето да не има некои кафеави грутки фатено, како урда личи, само по темна малку... ако е да, и ако мајсторот ти е подалеку од 2-3 километри, не ја ни пали воопшто, туку одвлечи ја до таму, затоа што тоа што имаш уље во системот за ладење и не е некој преголем проблем за да возиш, ама ако ти влезе вода или антифриз, а уште полошо гликол во уљето, е тогаш, може да ја зарибаш и тоа многу брзо и лесно, поготово на ладен мотор...
не те плашам, ама провери на капачето а и мерачот извади го... ако уљето е кафеаво како така пенливо, тоа е тоа, не ја пали воопшто, после ке те чешаат карики, лагери летечи, лежечи, и обработка на прва специјала се... или цел друг мотор...
пиши што испаднало...