Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2229443 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #780 на: 11 Ноември 2015, 08:04:38 am »
Имам проблем со Меганот веќе подолго време. Кога тргнувам ама на кривина не на право, се слуша крцкање?! значи не тропкање кое 100% доаѓа од предницата. Овој проблем се манифестира како што кажав само ако тргнувам со воланот свртен лево или десно, без разлика на која страна. Доколку тргам со исправен волан нема никакви звуци. А на пример ако вртам со мала брзина во кривина и ставам во лер тогаш звукот веднаш го снемува. Само кога сум во брзина (прва или втора) зошто како што кажав ова се слушува само при мали брзини.

Помош?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34291
  • Таков е животот... јебига
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #781 на: 11 Ноември 2015, 09:20:03 am »
Крцкањето трае за цело време? Додека е свртен воланот или додека си во брзина?

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #782 на: 11 Ноември 2015, 10:03:15 am »
Мене стабилизаторите на тркалата ми крцкаа при вртење на волан на мала брзина.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #783 на: 11 Ноември 2015, 10:12:08 am »
Крцкањето трае за цело време? Додека е свртен воланот или додека си во брзина?
1) Трае само кога пример возам 20км/ч вртам десно (или лево) давам гас и крцка.
2) Истово се случува доколку стојам, ставам во прва брзина и тргнувам со со тргнување лево или десно. Доколку само тргам и не менувам правец односно одам право нема ништо.

Значи имам забележано доколку го правам истово прод број 2) а кривината сама си бара менување од 1 во 2 брзина, во моментот кога стискам кумплуг/менувам во втора брзина тоа крцкање го снемува и веднаш при менување во втора крцкањето си продолжува како во првата брзина. И после веќе дошло време за исправање на воланот и крцкањето престанува. Колку е по оштра кривината толку погласно е ова гребење/крцкање.

Иначе имав лупкање при мали нерамнини ама тоа беше до десниот стабилизатор и го сменив пред некој месец, лупкањето престана. Ама ова е сосема различен звук како некој виде на гребење/крцкање.

Ако не ќе пробам да снимам зошто се погласно станува.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #784 на: 11 Ноември 2015, 10:22:08 am »
Кај мене на Мондеото така почна да прави (нешто слично) два-три месеци пред да се расипе замаецот. Обично на кривини (вклучување, исклучување) менување брзини втора-трета или трета-втора.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #785 на: 11 Ноември 2015, 10:35:41 am »
Абе каков замаец :D ова нешто мислам има проблем со CV joint (незнам како е на македонски). Овој проблем го имам со години само што решив дека е време да се среди конечно. Крцкањето се чуствува и слуша дека доаѓа од предните гуми. Ако вртам лево тогаш крцкањето се слуша на левата гума, ако вртам десно на десната.

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #786 на: 11 Ноември 2015, 11:20:31 am »
Ova mislam deka ti e otiden zglobot e sega dali e lev ili desen treba da se proveri

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #787 на: 11 Ноември 2015, 11:21:34 am »
Абе каков замаец :D ова нешто мислам има проблем со CV joint (незнам како е на македонски). Овој проблем го имам со години само што решив дека е време да се среди конечно. Крцкањето се чуствува и слуша дека доаѓа од предните гуми. Ако вртам лево тогаш крцкањето се слуша на левата гума, ако вртам десно на десната.

Не знам бе друже. Јас споделувам како излезе кај мене. Од зглоб, лагер, стабилизатор, на крај да излезе замаец.  ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #788 на: 11 Ноември 2015, 12:07:04 pm »
Абе каков замаец :D ова нешто мислам има проблем со CV joint (незнам како е на македонски). Овој проблем го имам со години само што решив дека е време да се среди конечно. Крцкањето се чуствува и слуша дека доаѓа од предните гуми. Ако вртам лево тогаш крцкањето се слуша на левата гума, ако вртам десно на десната.
Зглоб е на македонски. Може да е зглоб, но звукот тогаш би доаѓал од страната каде што е расипан зглобот...
Најпрво провери ги штрафовите од суспензијата, држачи на мотор, да не е нешто лабаво или откачено па да се напрега при вртење некој дел.
Кај мене беше скинат држачот каде што се штрафи стабилизаторот на амортизерот, па стабилизаторот беше паднат на полуосовината и кога вртев бидејќи гумата закачала  во стабилизаторот се ствараше звук,  крцкање.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #789 на: 11 Ноември 2015, 12:10:21 pm »
Гледам на јутуб видеа од неисправен зглоб и дефинитивно не е до тоа. Звукот е сосема различен...плус би забележал дека тече од зглобот, кај мене нема ништо такво. Благодарам на сите ама изгледа без сервис или конкретно видео ништо не правиме :). Ќе пробам едно видео да направам вечер.

Едит. Изгледа до зглобот дека е. Веројатно двата. Звукот е многу сличен на овој и се случува под вакво сценарио кога тргнуваш со воланот на страна. Што повеќе свртен тоа погласно.
« Последно менување: 11 Ноември 2015, 12:54:05 pm vlatko.klp »

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #790 на: 11 Ноември 2015, 12:38:39 pm »
Абе каков замаец :D ова нешто мислам има проблем со CV joint (незнам како е на македонски). Овој проблем го имам со години само што решив дека е време да се среди конечно. Крцкањето се чуствува и слуша дека доаѓа од предните гуми. Ако вртам лево тогаш крцкањето се слуша на левата гума, ако вртам десно на десната.
Зглоб е на македонски. Може да е зглоб, но звукот тогаш би доаѓал од страната каде што е расипан зглобот...
Најпрво провери ги штрафовите од суспензијата, држачи на мотор, да не е нешто лабаво или откачено па да се напрега при вртење некој дел.
Кај мене беше скинат држачот каде што се штрафи стабилизаторот на амортизерот, па стабилизаторот беше паднат на полуосовината и кога вртев бидејќи гумата закачала  во стабилизаторот се ствараше звук,  крцкање.
Немора да значи ова, пример еве кај мене е отиден зглоб на десна страна, и кога вртам десно се слуша тропкање а и кога вртам на лево пак се слуша тропкање од истиот зглоб  :)

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #791 на: 11 Ноември 2015, 13:17:55 pm »
Абе каков замаец :D ова нешто мислам има проблем со CV joint (незнам како е на македонски). Овој проблем го имам со години само што решив дека е време да се среди конечно. Крцкањето се чуствува и слуша дека доаѓа од предните гуми. Ако вртам лево тогаш крцкањето се слуша на левата гума, ако вртам десно на десната.
Зглоб е на македонски. Може да е зглоб, но звукот тогаш би доаѓал од страната каде што е расипан зглобот...
Најпрво провери ги штрафовите од суспензијата, држачи на мотор, да не е нешто лабаво или откачено па да се напрега при вртење некој дел.
Кај мене беше скинат држачот каде што се штрафи стабилизаторот на амортизерот, па стабилизаторот беше паднат на полуосовината и кога вртев бидејќи гумата закачала  во стабилизаторот се ствараше звук,  крцкање.
Немора да значи ова, пример еве кај мене е отиден зглоб на десна страна, и кога вртам десно се слуша тропкање а и кога вртам на лево пак се слуша тропкање од истиот зглоб  :)
Значи како што пишав "Може да е зглоб, но звукот тогаш би доаѓал од страната каде што е расипан зглобот", односнo без разлика на кај вртиш од една страна ќе доаѓа звукот, а влатко вика дека во зависност на која страна врти од таа се јавува звукот. Може двата зглоба да се.

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #792 на: 11 Ноември 2015, 13:23:19 pm »
Јас мислам чим на пуна лево или десно така тропка/крцка (звукот може да биде различен од кола до кола) дека 90% е зглобот е сега може и друго да биде во тие 10%. И чудно ми е што тоа би течело од зглоб кога тој е целиот у маст.
Незнам за што кола се работи али има коли кои зглобот се мења сосе полуосовина(обично Француските) и ќе кошта осетно повеќе.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #793 на: 11 Ноември 2015, 14:01:34 pm »
Јас мислам чим на пуна лево или десно така тропка/крцка (звукот може да биде различен од кола до кола) дека 90% е зглобот е сега може и друго да биде во тие 10%. И чудно ми е што тоа би течело од зглоб кога тој е целиот у маст.
Незнам за што кола се работи али има коли кои зглобот се мења сосе полуосовина(обично Француските) и ќе кошта осетно повеќе.
Па на тоа мислев, ќе се забележи дека надворешно целата гумица ќе биде со маст. Кај мене е суво барут барем на последно што сум забележал. Али после што буричкав по интернет и ја сум прилично сигурен дека зглобот е проблемот. Се работи за Меган 2 и зошто знам дека ќе кошта многу нема веројатно да правам никакви поправки, зошто веќе не се исплати.

Најтрагично е кога ја носиш на сервис и нагласено им викаш проверете предница нешто крцка ова она, ти викаат предницата ти е топ, за после 2.000км да ми се сјебе стабилизаторот (разбирам ова е нешто што обично веднаш се манифестира) и ова сега со зглобот кој што го имам проблем од поодамна.

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #794 на: 11 Ноември 2015, 20:42:01 pm »
Zivo me interesira.... posto hemijata e dotamu zaminata sto postojat aditivi i za da zadihtova, i za da go stisi, i za da go sokrie cadot, bucavata i 300 drugi stvari se do zapiranje na cadenjeto na sipkata za maslo, koi podmolno mu se podmetnuvaat na kupuvacite,  sakam da prasam dali postojat efikasni nacini za da se prepoznae dali nekoj motor e nakolkan so aditivi... dosega ne sum vlegol vo tragata, pa sakav ako ima nekoj poupaten malce da mi porasprikazi okolu temava  ;) :D

(izvinete za latinicata, od tablet sum  >:( )
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!