Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2229479 пати)

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1725
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14610 на: 15 Јули 2025, 12:32:53 pm »
Дали може да се регистрира колата предвреме? Моменталната регистрација важи до 14.08.2025 - дали можам деновиве да ја регистрирам и да се продолжи до 14.08.2026?

Можеш најмногу 30 дена пред истек и новата ќе си важи од датумот на истекување, значи од 15.08.2025 до 14.08.2026.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14611 на: 21 Јули 2025, 15:48:58 pm »
Го извадив.

Се лепи само со гел пад на стакло.

Да нарачам гел пад, па ќе пробам да го средам така...

Ако не, "нов" сензор.

Трета опција е ако има некаде прекин во инсталација. Во тој случај веќе не би чепкал.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my Xiaomi 13T
Решен проблемот. Го извадив стариот гел, порачав нов гел пад од тему.

Денеска стигна. Го залепив убаво на сензорот, па на стакло, и се си функционира како што треба. И автоматските стакла, и автоматските брисачи.

Имам и резерва сега уште еден гел пад. Битно е дека е арен сензорот.

Sent from my Xiaomi 13T


Отсутен murgo96

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14612 на: 26 Јули 2025, 12:59:07 pm »
Да ми препорачате некој дизел адитив за голф 4 за чистење на системот за вбризгување

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14613 на: 26 Јули 2025, 13:57:15 pm »
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен jacke0708

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 132
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14614 на: 29 Јули 2025, 10:00:26 am »
Дечки првпат менувам ребраст каиш и немам искуство, па сакам да ве прашам дали е нормално за промена на ребраст каиш да ми бара да ги смениме и следниве делови:
   •   Сет ребраст
   •   Електрична водна пумпа
   •   ПК каиш
   •   Затегач за ПК каиш
   •   Ременица од алтернатор
   •   Антифриз 2л
(сите делови се Continental)

Се работи за Passat B8 2.0 TDI (2015), и цената ми ја кажа околу 31.000 денари со радна рака.

Дали навистина сите овие делови се потребни?
Благодарам однапред на сите!

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14615 на: 29 Јули 2025, 10:16:59 am »
Па да, со оглед на тоа што голем сервис се прави на одреден временски период, во опсег 5 до најмногу 10 години, и на одредена километража пропишана од производителот, секако дека да.

И ребрастиот каиш како и линискиот каиш ти се можеби пред повеќе од 5 години последно сменети или пак извозени 100 000 или повеќе километри.

Исто така и за антифризот, смени го целосно, не само да досипеш 2 литри она што фалело, секако и тој се менува на некој интервал од 5+ години.

Затоа и се вели голем сервис, не се прави секоја година.

А за цените, немораш Континентал, пример ИНА ти се генерално ок бренд, тоа е мид рејнџ, ниту најскап, ниту најефтин производител на автоделови, нека ти понуди и со други делови ако не сакаш континентал да биде целиот сет.

Отсутен jacke0708

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 132
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14616 на: 29 Јули 2025, 10:48:25 am »
Фала многу за информациите, баш ми значат. Првпат правам голем сервис и не ми беа баш јасни сите детали, сега ми е многу појасно. Благодарам уште еднаш!

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14617 на: 29 Јули 2025, 14:42:57 pm »
Електричната водна пумпа ти крева многу цена, инаку 100€ ќе заштедеше.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14618 на: 29 Јули 2025, 15:38:29 pm »
Дечки првпат менувам ребраст каиш и немам искуство, па сакам да ве прашам дали е нормално за промена на ребраст каиш да ми бара да ги смениме и следниве делови:
   •   Сет ребраст
   •   Електрична водна пумпа
   •   ПК каиш
   •   Затегач за ПК каиш
   •   Ременица од алтернатор
   •   Антифриз 2л
(сите делови се Continental)

Се работи за Passat B8 2.0 TDI (2015), и цената ми ја кажа околу 31.000 денари со радна рака.

Дали навистина сите овие делови се потребни?
Благодарам однапред на сите!

Се е како што треба, а и цената ти е добра. По пропис ти кажал човекот да бидеш рает наредните 6-7 години.

Отсутен Fatal1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14619 на: 29 Јули 2025, 21:46:29 pm »
Здраво дечки, сакам да прашам дали некој знае каде би можел да најдам летва половна, а и мајстор што ќе се нафати да ја смени :)

Имам проблем со летвата на Ауди А4 B8, пробав да најдам половна ама тешко да најдам, а уште помалце знам мајстори кои што се специјалисти за серво/летви и слично.

Се работи за електро-хидраулична летва, т.е. servotronic.

Фала ви однапред!

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14620 на: 29 Јули 2025, 21:49:50 pm »
Косово братче

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14621 на: 29 Јули 2025, 23:47:55 pm »
Здраво дечки, сакам да прашам дали некој знае каде би можел да најдам летва половна, а и мајстор што ќе се нафати да ја смени :)

Имам проблем со летвата на Ауди А4 B8, пробав да најдам половна ама тешко да најдам, а уште помалце знам мајстори кои што се специјалисти за серво/летви и слично.

Се работи за електро-хидраулична летва, т.е. servotronic.

Фала ви однапред!

Да видиш што ќе каже златановски? Лично сум немал искуство и контакт, ама гледам по инстаграм оправа летви на коли од 2020та, така да треба да е добар... може да е некој лев карактер, а ко мајстор да е добар. ;D


https://www.instagram.com/toni_zlatanovski/

Отсутен Fatal1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14622 на: 30 Јули 2025, 14:25:35 pm »
Му се јавив пред некој ден, ме препрати кај Тино во Теам Ауто. Тино си ја издрифта колата, ми кажа камен фабрика е и после две секунди треба да се репарира заден трап да се мењаат гумици и да се центрира, без да се симне да ја види ниту пак дијагностика да направи..

Одма извозев до Боми, прочитав за нив од форумџии, имам проблем само со летвата, нит трап ниту ништо. А да и ќе репариравме трап и ќе центриравме пред да пипмнеме летвата со Теам Ауто. Ќе му се прејавам на Златановски ама уште од старт утка некако

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14623 на: 30 Јули 2025, 14:27:25 pm »
Koa odite kaj specijalki takvi...raskazuvaci na prikazni

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Fatal1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14624 на: 30 Јули 2025, 15:22:42 pm »
Koa odite kaj specijalki takvi...raskazuvaci na prikazni

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Затоа со време да си прашам и побарам помош тука :)