Имам проблем со опел астра г 1.4 бензин/плин. Вчера ја возев од работа до дома на празен пат (без сообраќај) и си ја возев полека, со 4та на 1500 вртежи. Одеднаш почна да скока напред назад на плин, ме изнервира, па ја префрлив на бензин и ја возев до смрт на 6000 вртежи додека беше слободен патот, потоа ја возев до дома на плин и пак пред зграда почна да скока на точно 1500 вртежи, на 2000 не прави така. Денес на пат до работа исто ми направи, ја префрлив на бензин, пак исто скокаше на точно 1500 вртежи.
Механичарот ми вика дека е за на електричар. Односно сам да ја проверам. Е сега вака - колата е редовно одржувана, алтернаторот малку дупи (може и тој да е причина донекаде), лагер не чини на алтернаторот, ама немам алат за избивање, па мора да ја носам колата некој да го среди. Свеќиците се сменети Bosch(колку се оригинални не знам мајсторот ги купи) пред некои си 10.000км. Дали да сменам сѐ - држач на мотор, бобина (Delphi), свеќици (Bosch или GM) и да го репарирам алтернаторот?
Што може да биде и од каде да почнам?