Ме интересире како се покажени типо седан од 2017 година па до сега. Дали се добри имат ли некои мани бенци или дизел сеедно. Има некој овде типо седан или хечбек?
Фиат Типо од таа година најчесто се продава со 1.4 атмосферец бензин или 1.6 турбо дизел.
Дизелот е супер докажан и добро одговара на таа кола. Како недостаток би навел дека е бучен малце. Со редовно одржување немаш гајле.
Бензинецот, од мое искуство е слаб за таа кола. Не дај боже да треба да превариш нешто. За моторот ми кажаа дека троши уље и таксисти кој го возеа кажаа дека колата е полоша от Hyndai-то кое се возеше како такси тоа време.
Мене колата многу ми се допаѓа, и сакав да ја купам на ново, со дизел моторот нормално, 1.6 не 1.3 дизелот, но за жал не доаѓа со многу опрема внатре.