Колку е паметно да се замени дихтунгот на издувна грана?
Нема звук дека пропушта, ама како да ми позамирисува на дим/чад кој не се гледа ама се осеќа некогаш со пуштена вентилација претежно кога стојам во место.
Од таа страна каде што мириса е и турбината нели, на моторот нема знаци од протекување масло па да речам дека мирисот е од испарување масло, баш на дим како од издув мириса. Панцир врската искрено не сум видел во каква ситуација е.
Го загледав M539 restoration, почнав да купувам дихтунзи за работи што треба и не треба, па викам да го ставам и овој на список. На сервисот што треба да го направам за некој 2000км покрај масло и филтри за мотор, за менувач и диференцијал, планирам и такви зафати да направам, промена на респиратор на капак на вентили за маслени пари, промена на дихтунзи на ладилникот за масло, чистење ЕГР и промена на дихтунзи, чистење на усисна и промена на дихтунзи и уште неколку слични интервенции.
После сето тоа ќе се оди со промена на црева за ладилниот систем, црева за турбина и интеркулер и црева за гориво.
Колку е паметно сето ова, искрено не знам, ама кога ќе променам се ќе кажам.